Повторно сте гладни? Направете пауза од компјутерот!

Секој од нас лесно може да „заглави“ пред компјутерот играјќи игри или едноставно дружејќи се со пријателите на Фејсбук. И така времето минува, а вие не сте свесни дека вашето секојдневие, вклучувајќи ја и исхраната се случува токму пред вашиот екран. И, единствениот резултат што може да го добиете од оваа комбинација е прекумерна тежина.Американците во просек трошат осум часа и триесет минути загледани во своите компјутери, таблети или мобилни телефони што, покрај тоа што влијае на здравјето на очите, исто така влијае и врз обемот на половината. Затоа, едноставно направете пауза за ручек. И, внимавајте таа пауза да биде подалеку од вашите екрани. Истражувањата покажуваат дека јадењето во природа или пак во друштво, кој секој од нас треба да си го дозволи во текот на денот, е далеку подобар начин да се задржиме на здравата исхрана, а пред сé и да го подобриме нашиот социјален живот. На тој начин остануваме фокусирани на храната и со тоа внимаваме што јадеме и колку јадеме.
Повеќе на najadise.mkАмериканците во просек трошат осум часа и триесет минути загледани во своите компјутери, таблети или мобилни телефони

Пронајдете не на следниве мрежи: