Мета на минатонеделниот обид за убиство со експлозивна направа поставена под возило биол Нишлија Младен Лазаревиќ (33) за кој постои сомневање дека е член на меѓународна криминална група „Пинк Пантер“ позната по спектакуларни грабежи.Џипот „Мерцедес“ под кој била поставена бомбата е во сопственост на неговата сопруга Бојана која ја бара Интерпол а по потерница на Соединетите Арапски Емирати поради грабежи на златари во престолнината на оваа земја. И Лазаревиќ до скоро се наоѓал на листата која ги бара меѓународната полиција, но сега веќе не е на потерница.
Мотивите за нападот се уште не се откриени, но несомнено бомбата ја направил и поставил професионалец така што најверојатно станува збор за нарачано убиство.
– Во вакви околности многу е тешко да се утврди кој е извршителот, со оглед на тоа дека постојат многу личности кои би имале мотив за ваквиот чин. Испитуваме различни можности, не е исклучена можноста убиството да е нарачано од странство. Мотивот може да биде одмазда поради не расчистени сметки околу делбата на пленот но и намерата да му се затвори устата на Лазаревиќ, – велат соговорници од истрагата.
Лазаревиќ го бараше и полицијата на Лихтенштајн поради сомневање дека во престолнината на оваа земја во 2007 година ограбил златара. Постои сомневање дека Младен, неговата сегашна жена Бојана, Душко Познан и Драган Џорџевиќ однеле 2 вреќи со накит вреден 11 милиони евра од јувелирницата „Граф“ во Дубаи. Разбојниците со две коли од марката „ауди“ влегле во трговскиот центар, го скршиле излогот и го украле накитот. Пленот го сокриле во изнајмен „нисан“ кој го пронашла полицијата и пленот го вратила во јувелирницата, а крадците успеале да им избегаат.
Лазаревиќ и неговата сопруга пред неколку години се вратиле во Белград, а од неодамна живеат во Ниш.
Фудбалерот на Партизан Младен Лазаревиќ, уапсен е во 2008 година на аеродромот во Дубаи. Драган Лјепоја прв пат е лишен од слобода во Лихтенштајн во 2006 година набрзо по кражбата која ја извршил во оваа земја.
Драган Џорџевиќ откриен е 2007 годна во Холандија. Во Србија се уапсени и осудени Петар Радоњиќ, Александар Радуловиќ, Ѓорѓе Рашковиќ и Снежана Панајотовиќ, исто така шленови на истата банда. Меѓутоа се смета дека „Пинк Пантер“ и понатаму е активен со оглед на тоа што во својот состав има повеќе од стотина крадци, воглавно од просторот на поранешна ЈугославијаЏипот „Мерцедес“ под кој била поставена бомбата е во сопственост на неговата сопруга Бојана која ја бара Интерпол а по потерница на Сое