Пожар во Македонски Брод

Борова шума е зафатена од пожарот кај Македонски Брод за чие гаснење во моментов се ангажирани два авиона и 56 припадници на тимовите за брз одговор, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).Пожарот е на непристапен терен каде се присутни и четири противпожарни возила, како и околу 20 лица од локалната самоуправа.
Во гаснењето, според ДЗС, се вклучени и два хеликоптера на Министерството за одбрана.
– Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност и е подготвена во секој момент, ако има потреба, да ангажира тимови за брз одговор за гаснење пожари на отворен простор. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Република Македонија, стои во соопштението.Пожарот е на непристапен терен каде се присутни и четири противпожарни возила, како и околу 20 лица од локалната самоуправа.

Пронајдете не на следниве мрежи: