Пожарот ја однесе 43-та жртва во Калифорнија

Седумнаесетгодишно девојче е 43-та жртва на шумските пожари во Калифорнија.Тоа почина вчера од изгорениците што ги здоби, бегајќи со своето семејство од огнот во областа Мендосино на 9 октомври.

Нејзиниот четиринаесетгодишен брат, исто така, загина во пожарот, а нејзините родители остануваат в болница со тешки изгореници.
Околу 1.000 пожарникари продолжуваат да се борат со пет пожари, но поголемиот број големи огништа се веќе ставени под контрола, велат од локалната противпожарна служба.
Освен што однесе 43 човечки животи, пожарот уништи 8.900 згради. Меѓу нив е и канцеларијата на фирмата за електроника „Кејсет технолоџи“, каде што се чуваат архивите на пионерите на технологијата Вилијам Хјулет и Дејвид Пакард.
Над 100 кутии со писма и други материјали од историјата на Силиконската долина се уништени во огнената стихија.Тоа почина вчера од изгорениците што ги здоби, бегајќи со своето семејство од огнот во областа Мендосино на 9 октомври.

Пронајдете не на следниве мрежи: