Позитивните резултати од Македонија вработува се мотив за користење на вториот циклус од проектот

Позитивните искуства и постигнатите резултати од реализацијата на проектот Македонија вработува се една од причините за отпочнување на втор циклус од овој проект.Постигнатите околу 19000 вработувања во 10140 компании, кои се реализираа во периодот на реализација на проектот Македонија вработува за Владата, компаниите и коморите претставуваат одличен остварен резултат кој е од огромно значење како за компаниите така и за ново вработените лица.
Значајно е што со овој проект се вработени лица со различен образовен статус и од различни возрасти, и тоа во компании кои се од различни дејности и со различна големина, што обезбедува повеќе слоевита корист и за населението и за стопанството.
Во рамки на реализацијата на Македонија вработува беа вработени лица од најразлична возраст и со најразличен степен на образование.
Според возраста, преку  Македонија вработува се вработија:  4154  лица до 29 години возраст, 7648  лица до 35 години возраст, 2666  лица од 35 до 50 години возраст, 3400  лица  над 50 години возраст, 196  лица од ранливи категории и 845  лица над 58 години возраст.
Овие реализирани вработувања се однесуваат за лица со различен степен на образование, од кои: 4914  со основно образование, 10505 со средно образование, 266  со вишо образование и 3224   лица со високо образование (од кои 270 се  магистри и доктори на наука)
Широкиот опфат од овој проект е видлив и во сегментот на вклученост на компаниите во Македонија вработува.
Според претежната дејност на работодавачот 5690 вработувања се реализирани кај работодавачи од дејноста трговија на големо и трговија на мало, 4107 вработувања во преработувачката индустрија, 1632 вработувања во дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 1460 вработувања кај работодавачи  од дејноста  градежништво, 1302 вработувања  во дејноста транспорт и складирање, 930   вработувања во стручни научни и технички дејности, 793   вработувања во дејноста земјоделство, шумарство и  рибарство, 625   вработувања во други услужни дејности, 520   вработувања кај работодавачи од дејности на здравствени и социјална заштита и  др.
Според големината на компаниите кои ги искористија придобивките од Македонија вработува 9053  се компании од 1 до 9 вработени, 930  се компании од 10 до 49 вработени, 133  се компании од 50 до 249 вработени и 24  се компании над 250 вработени.
Од Владата истакнуваат дека широкиот опфат на вработувања преку реализацијата на Македонија вработува е евидентен и според остварените вработувања по градови: 3826 вработувања се регистрирани во Скопје, 1852 во Тетово, 1433 во Гостивар, 1406 во Кочани, 1105 во Струмица, а по околу 1000 вработувања беа остварени и во Штип, Куманово, Битола…
-Информациите, податоците, резултатите од првиот дел Македонија вработува се навистина одлични. 19.000 лица се вработени на територија на цела Република Македонија од различен образовен статус и од различна возраст, што значи дополнителен приход за 19.000 македонски семејства, вработени во компании од најразлични дејности по големина, што обезбедува услови за раст во стопанскиот сектор. Ова беа главните причини за продолжување со вториот дел од проектот за кој Владата веќе донесе одлука и очекуваме законските решенија да поминат многу набрзо во Собранието и ова е мотив повеќе за останатите стопански субјекти да ги искористат поволностите од проектот, да обезбедат заштеди во своите трошоци до 37% и истовремено да обезбедат вработување на македонските граѓани и намалување на невработеноста во Република Македонија, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Од Владата истакнуваат дека се очекува ваквата тенденција на остварени вработувања да биде присутна и при реализацијата на Македонија вработува 2 кој наредната недела е на собраниска седница.Постигнатите околу 19000 вработувања во 10140 компании, кои се реализираа во периодот на реализација на проектот Македонија вработува за Владата, к

Пронајдете не на следниве мрежи: