При напад на жена-самоубиец, која влегла во полициска станица во стариот дел на Истанбул, Силтанахмет и се разнела, загина еден полицаец, а друг е полесно повреден.Градоначалникот на Истанбул, Васип Сахин изјави дека жената влегла во полициската станица и на англиски јазик се пожалила дека го загубила паричникот, по што го активирала експлозивот и се разнела. Тој додаде дека идентитетот и националноста на жената засега не се познати, но полицијата работи на расветлување на случајот.
Весникот „Туркие“ ја идентификува жената-самоубиец како Елиф Султан Калсен, која им била добро позната на властите. Таа била еден од напаѓачите по кои се трагало по нападот во 2012 година врз полициска станица, во кој, исто така, беше убиен еден полицаец. Калсен подоцна на прес-конференција изјавила дека не е „жива бомба“.
Одговорноста за вчерашниот напад ја презеде групата Револуционерен народен ослободителен фронт, пишува весникот „Радикал“. Истата оваа организација е одговорна и за обидот за напад врз дворецот Долмабахче на 1 јануари, кога вооружен напаѓач беше уапсен откако фрлил врз стражата рачна граната, која не експлодира.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го осуди ваквиот злосторнички чин и изрази сочувство до семејството на убиениот полицаец.Градоначалникот на Истанбул, Васип Сахин изјави дека жената влегла во полициската станица и на англиски јазик се пожалила дека го загубила паричник