Познат новинар е ИЗБОДЕН ДО СМРТ. Полицијата трага по убиецот!

Рускиот новинар Дмитри Циликин (54), пронајден е мртов во својот стан во Санкт Петербург, соопшти руската полиција.Мртвото тело на новинарот било откриено откако неговите роднини и пријатели не можеле да стапат во контакт со него, па ја повикале полиција.
Циликин бил пронајден во станот со повеќе рани од нож по телото. Полицијата верува дека бил мртов најмалку два дена пред да се открие неговата смрт. Од станот исчезнале неговиот личен компјутер и мобилниот телефон.
Засега не се знаат мотивите за ова убиство, но полицијата се сомнева дека станува збор за семејни проблеми.
Дмитри Циликн е добро познато име во руското новинарство, кое работел на теми од културата и како уметнички критичар.
Најмногу има работено за радио и телевизија, но пишувал и за рускиот весник „Комерсант“, како и за модните списанија „Вог“ и „Ел“.
Мртвото тело на новинарот било откриено откако неговите роднини и пријатели не можеле да стапат во контакт со него, па ја повикале полиција.

Пронајдете не на следниве мрежи: