Позната е состојбата на повредените при експлозијата во Драчево

Девет лица се повредени вчера попладне при две експлозии во куќа во скопската населба Драчево, при монтирање на грејно тело со плинска боца.Како што потврдија за МИА од МВР, според првичните информации, лицата кои се здобиле со повреди од експлозијата се пренесени за укажување лекарска помош во Клиниката за хируршки болести  „Св.Наум Охридски“ и во Ургентниот центар.
Според информации од дежурните лекари при Клиниката за хируршки болести, три лица се во тешка состојба, при што едно од нив е со изгореници со зафатеност од над 60 отсто по телото.
 – Кај двајца се работи за опекотини од над 40 проценти, додека кај еден е над 60 проценти. Кај други двајца се некаде околу 15 проценти. Станува збор за длабоки опекотини од втор и трет степен кои што бараат итна медицинска нега и хоспитализација. Најважно од се, направена е аналгезија, значи пациентите не чувствуваат никаква болка, направена е обработка на опекотините, кои што се главно во пределот на лицето, вратот и обете дланки. Се обидуваме да ги намалиме компликациите кои се главно витално загрозувачки кај пациентот со 60 проценти опекторини и кај пациентката која има аспирирано топлина, ијзваи др. Виктор Камиловски од Хируршката клиника.
 
На терен интервенирале полициски екипи и противпожарната бригада со пет противпожарни возила. Од експлозијата била опожарена кровната конструкција и дел од приземјето на две куќи.
На местото на експлозијата се наоѓа и увидна екипа од МВР.Како што потврдија за МИА од МВР, според првичните информации, лицата кои се здобиле со повреди од експлозијата се пренесени за укажување лекарска

Пронајдете не на следниве мрежи: