Очигледно во светот постојат работи што не треба да се мешаат, како што се алкохолот и личностите од религијата.Синџирот продавници „Heinen’s“ од сојузните американски држави Охајо и Илиноис, го повлече од продажба пивото „Sweet Baby Jesus“ поради навредливо име.
– Кога и да се обидете да ги поместите границите на контроверзното, нормално е дека тоа на некого ќе му пречи. Но, не треба да е навредливо, називот на пивото нема намера да навреди никого, изјавил Дејв Бенфилд, основачот на пиварата „DuClaw Brewing“.
Изреката „Sweet Baby Jesus“ во англиското јазично подрачје се користи како израз на изненадување што има првенствено позитивно значење. Сепак, голем број христијани се најдоа навредени поради отвореното непочитување на централната библиска личност.
Пиварата „DuClaw“ ги произведува и пивата „Morgazm“, „Guilty Filthy Soul“ и „Dirty Little Freak“.
Синџирот продавници „Heinen’s“ од сојузните американски држави Охајо и Илиноис, го повлече од продажба пивото „Sweet Baby J



