четврток, 12 ноември 2026
Најново

Позната причината за смртта на родилката од Прилеп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Родилката од Прилеп починала од искрвавување. Ова се првичните неофицијални наоди од обдукцијата направена на телото на младата жена која пред околу една недела почина во болницата во Прилеп, откако неколку часа претходно нормално се породила, но потоа добила болки и крвавење, но покрај преземените мерки лекарите не успеале да ја спасат, пренесува „Утрински весник“.На Институтот за судска медицина во Скопје, каде што се работи обдукцијата во тек се уште неколку дополнителни испитувања за да се заврши целосната анализа и да се утврди конечната причина за смртта на 21-годишната родилка. Се очекува обдукциски извештај да биде целосно завршен до крајот на неделава.
– Комплетниот извештај од судско медицинскиот преглед на телото ќе биде готов до крајот на неделава кога се очекува резултатите да му бидат предадени на Јавното обвинителство во Прилеп, од каде што беше и побарано да се направи обдукцијата, велат за „Утрински“ од Институт за судска медицина.На Институтот за судска медицина во Скопје, каде што се работи обдукцијата во тек се уште неколку дополнителни испитувања за да се заврши целосната

Поврзани вести