четврток, 26 ноември 2026
Најново

Познати добитниците на плакети и дипломи по повод 3-ти ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во просториите на локалната самоуправа денеска беше оддржана прес конференција на која Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија ги соопштија овогодишените добитниците на плакети и дипломи – 3-ти  Ноември.Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп  се доделуваат на: ,,ВАСИДОРА” ДООЕЛ–Прилеп, СОУ,,Орде Чопела“, Радио Холидеј, ООУ „Кирил и Методиј“ од н.м Канатларци, ,,ФУТУРА”, Здруженија на прилепски пранители (Здружение ,,Прилепски Бранители”, Здружение ,,Карпалак”, Здружение на ,,Резервни воени старешини”-Прилеп), „Младински Совет“, „ТРИО-95” ДОО-Прилеп и Народна техника.
Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на: Цветан Беличански, Илија Нестороски, Горанчо Котески, Дарко Штаргоски, Мери Мирческа, Александар Тодороски-Цандарот, Каролина Мицеска, Миле Јованоски, Дарко Неданоски и Славе Димоски
Наградата за животно дело по повод З-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на Ѓорѓија Џорџ – Атанасоски за неговиот придонес во општествено-политичкиот, економскиот и културниот развој на Прилеп.
Оваа година се навршуваат точно 72 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за македонската престолнина и за градот Прилеп – 3-ти Ноември.Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп  се доделуваат на: ,,ВАСИДОРА” ДООЕЛ–Прилеп,

Поврзани вести