Познати спортски брендови со прифатливи цени за секого во новоотворениот Sport Vision Outlet Extra

Најпознатиот ланец за спортска опрема во нашата држава, Sport Vision, го отвори најголемиот аутлет во Македонија. Новиот Sport Vision Outlet Extra е опремен со повеќе од 50 светски спортски брендови и се простира на големина од 700-m2 кои што на сите спортски љубители им се достапни над 50.000 спортски производи.Големото отворање на најголемиот аутлет, кој што се наоѓа на ул. 3-та Македонска Бригада бр.1, спроти висококатниците во Аеродром, беше проследено со целодневна забава која го разигра обичното секојдневие на Скопјани. Посетителите наидоа на вистинско воодушевување од понудените спортски светски брендови и од достапноста на производите со прифатливи намалени цени на кои имаше и специјален попуст од 20% на постоечките аутлет цени.
„Среќни сме што успешната спортска приказна на Sport Vision продолжува. Sport Vision Outlet Extra е новиот концепт на продавници кој го промовираме пред јавноста и сите фанови и љубители на спортот. Независно од тоа дали сте професионални спортисти, рекреативци или најобични љубители на спортска опрема и облека, во Sport Vision Outlet Еxtra ќе најдете над 50.000 модели на секаков вид спортска облека, патики, опрема и аксесоари по доста поволни цени. На отворањето имавме навистина голема посетеност и токму поради тоа согледуваме дека понудениот асортиман ги задоволува потребите и желбите на сите постојани и потенцијални купувачи“, изјави Игор Трпковски, директор на Sport Vision Macedonia.

 
Новиот Sport Vision Outlet Extra е единствен по цените кои ги нуди на посетителите кои што имаат шанса да купат папучи од 232 денари, машки и женски маици од 392 денари, шорцеви од 472 денари, долен дел тренерки од 712 денари, детски патики од 792 денари, машки патики од 792 денари и женски патики од 712 денари.
Аутлетот нуди богатата понуда од колекциите на познатите светски брендови како Nike, аdidas, Reebok, Timberland, Converse, Champion, Sergio Tacchini, Ellesse, Lonsdale, Umbro и други.Големото отворање на најголемиот аутлет, кој што се наоѓа на ул. 3-та Македонска Бригада бр.1, спроти висококатниците во Аеродром, беше проследено

Пронајдете не на следниве мрежи: