Познатите светски дизајнери „Долче и Габана“ ги тужат „Долче и каффана“ од Белград поради името на кафеаната. Преку адвокатска канцеларија во Белград на Марко Филиповиќ му стигнала тужба од „Долче и Габана“, објави српски „24сата“.
Целата ситуација станува побизарна, затоа што рочиштето е закажано за први октомври кога оваа позната кафеана ја прославува својата прва годишнина од постоењето.
Оштетата која ја бараат познатите дизајнери е 500.000 динари.
Името на кафеаната, кое скапо ќе ги чини, Филиповиќ кажал дека го смислиле со брат му.
„Јас и мојот брат разговаравме за тоа како да се вика кафаната. Избравме симболично име и бидејќи сме браќа и се презиваме Филиповиќ, во името кафана само додадовме две „ф“, па оттаму „Долче и каффана“, појаснил младиот сопственик.Преку адвокатска канцеларија во Белград на Марко Филиповиќ му стигнала тужба од „Долче и Габана“, објави српски „24сата“.&n