Практични совети за дисциплинирање на едногодишно дете!

Со помош на овие едноставни стратегии, можете да го поставите вашето дете на вистински пат, пат кон убаво однесувањеНАСОЧЕТЕ ГО ВНИМАНИЕТО НА ДЕТЕТО НА ДРУГА АКТИВНОСТ
Победете го нагонот да му викате на детето кога го прави она што не би требало, бидејќи вашето викање ги прави или нервозни или љубопитни. Наместо тоа, советуваат психолозите, потрудете се да ги заинтересирате за некоја друга активност. На пример, ако детето се качува по страна на фотелјата, нежно спуштете го на подот и почнете да си играте со некоја играчка со него. Пренасочувањето на вниманието на детето не само што застанува на патот на неубавото однесување, туку и детето се учи дека некои работи едноставно не смеат да се прават.
БИДЕТЕ ДОСЛЕДНИ
Можеби мислите дека попуштањето на детето кое плаче „само еднаш“ е во ред, но водете сметка да биде само еднаш. Ако тоа често го повторувате, детето ќе плаче уште повеќе бидејќи знае дека ќе попушти на крај. Најважно е да поставите граница и постојано да ги поддржувате, советуваат психолозите. Исто така, партнерите мора да се договорат што му е дозволено на детето, а што не, бидејќи збунувањето на детето со различните постапки на таткото и мајката е нешто најлошо што можете да го направите кога станува збор за воспитување на детето. Не само што детето ќе се збуни, туку ова може да доведе и до фрустрации.

 
ЗБОРУВАЈТЕ ПОЗИТИВНО
Ако постојано на детето му го повторувате зборот „не“, можеби ќе добиете спротивен ефект – детето може да почне да го повторува овој збор кога нема да сака да ве послуша. Зачувајте го зборот за негација за ситуации кога е во прашање безбедноста на детето, советуваат психолозите. На пример, ако детето сака да ја отвори рерната, викнете: „Не!“, со строг глас. Но, кога ситуацијата не е опасна, формулирајте ја негативната реченица со позитивни зборови. На пример, ако детето во автомобил сака да ги соблече патиките, не му велете: „Не ги соблекувај патиките во автомобилот!“, туку: „Нека ти бидат на нозете додека не стасаме дома, а тогаш можеш да одиш без нив“.
ПОКАЖЕТЕ МУ НА ДЕТЕТО КАКО НЕКОИ РАБОТИ СЕ ПРАВАТ
Децата повеќе гледаат што правите отколку што зборувате, предупредуваат психолозите. Ако вашето дете е грубо кон друго дете, научете го како да се однесува, Кажете му: „Ајде нежно да ја прегрнеме твојата другарка“, а потоа рацете на детето поставете ги во прегратка. Или, ако имате тешкотии да го натерате детето да ги мие забите пред спиење, едноставно – правете го тоа заедно.
ПОФАЛЕТЕ ГО
Децата понекогаш не се однесуваат убаво поради недостиг на вештината на комуникација, па тоа им станува сигурен начин да го добијат саканото внимание. Затоа е многу важно да му покажете на детето кога сте горди на него и на неговото убаво однесување, бидејќи на тој начин и ќе запамети што вие сакате тоа да прави, како и кои се вашите правила. Ако тоа го правите, ќе го научите детето дека убавото однесување привлекува внимание за кое копнее, па детето едноставно ќе ги усвои овие навики и понатаму убаво ќе се однесува.
 
 НАСОЧЕТЕ ГО ВНИМАНИЕТО НА ДЕТЕТО НА ДРУГА АКТИВНОСТ
Победете го нагонот да му викате на детето кога го прави она што не би требало, бидејќи

Пронајдете не на следниве мрежи: