Прашања и одговори за проститутките во Амстердам – прв дел

Ако сте како многумина, проститутките во Амстердам секако ќе ве заинтригираат. Можеби имате и листа на прашања во врска со проституцијата во Амстердам, но досега не сте имале шанса да ги поставите. Ние ви нудиме одговори на некои од нив.
Одговорите се однесуваат на проститутките од Амстердам кои ги гледате на излог, за проститутките на повик, како и оние кои работат во клубови, па дури и од дома.
“Како функционираат црвените кружни светла (Red light District)?”
Почнувајки од пладне до доцните часови после полноќ, девојките стојат зад црвено-осветлени стаклени врати, облечени во фенси долна облека, со цел да го привлечат вниманието на минувачите.
Мажите одат нагоре и надолу разгледувајќи ги девојките во излозите, и ако им се допадне некоја девојка, тие тропаат на нејзината врата, таа ја отвора и тие преговараат за она што таа го нуди, колку долго би траело, која е цената. Ако тие се согласат, мажот влегува, вратата се затвара, а завесите се спуштаат.
“Може ли да ја посетите „црвената“ улица? Дали е безбедна?”
Црвената улица во Амстердам е многу порелаксирана и полежерна од било која друга црвена област на друго место. Особено во текот на вечерните часови, многу луѓе се присутни – и мажи и жени како туристи или само минувачи. Проститутките ги гледаат и многу туристи. Тоа е релативно безбеден дел од градот.
Обично, постојат многу продавачи на дрога од кои често може да се слушне „Пссттт! Кокаин?”  Само игнорирајте ги, или учтиво одбијте ги,и тие ќе ве остават на мира. Најдобро е ова место да го посетите во мрак, кога црвените светла создаваат посебна атмосфера. Исто така постојат и добри тури за прошетка низ таа област.
“Смеете ли да сликате?”
Проститутките во Амстердам вербално ќе ве нападнат доколку забележат камера, а дури можат и да ви ја уништат. Некои луѓе успеваат набрзина да сликнат неколку фотки. Исто така, постојат неколку места каде што може да направите убави фотографии без препознатливи луѓе на нив. Само не заборавајте дека многу девојки не го известиле нивното семејство и пријателите за нивната професија.
“Зошто кај некои проститутки во Амстердам светат сини светла, наместо црвени?”
Хммм… Со тоа ви кажуваат дека тие не се технички жени, или родени како такви.Тие се трансвестити или било кој друг вид на хомо сапиенс.
“Колку проститутки има во Амстердам?”
Околу 1.000 проститутки работат во Амстердам секој ден, неколку стотици од нив работат зад прозорците во црвеното светло, другите работат во клубови, бордели, како придружнички или од дома. Генерално, во градот има околу 400 вакви излози, голем дел од нив лоцирани во црвената улица Вален.
“Дали проституција легална? Дали тие плаќаат даноци?”
Да. Проститутките како и нивните клиенти можат легално да ја вршат својата работа уште од 1811 година. Меѓутоа, забранети се борделите (т.е. претприемачки организација на проституција, или подведување) кои се забранети од 2000 година.
“Колку години треба да имаат проститутките? А, колку нивните клиенти?”
Проститутките мора да имаат над 18 години . Имало прилика кога, помлада девојка била откриена од страна на полицијата, а на ова се гледа како на многу сериозна работа. Клиентите треба да имаат најмалку 16 години.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ако сте како многумина, проститутките во Амстердам секако ќе ве заинтригираат. Можеби имате и листа на прашања в

Пронајдете не на следниве мрежи: