ПРАШИНА: Во нашата фудбалска репрезентација играле фудбалери на кои првенството им било почнато и биле во форма?!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Тасевски за бугарски „тема спорт“ вели дека е разочаран што нема да настапи за нашата селекција на вечерашниот пријателски натпревар со селекцијата на Бугарија.Неповикувањето на Дарко Тасевски, несогласувањата меѓу селекторот Јаневски и играчот на англискиот премиерлигаш ВБА, Горан Попов, нелогичноста околу неповикувањето на најдобриот фудбалер од домашниот шампионат, Дејан Блажевски, предизвикува прашина околу нашата фудбалска репрезентација.
Дарко Тасевски помина фантастични 5 сезони во бугарското фудбалско првенство бранејќи ги боите на Левски, каде одигра 108 натпревари притоа постигнувајќи 21 погодок.
Секако дека ова ќе му значеше многу на Дарко Тасевски, и онака беше потребен најмалку уште еден играч во средниот ред, но, барем според изјавата на Тасевски за бугарскиот медиум, образложението на селекторот Јаневски било дека тој не бил во форма, првенството во Израел сеуште не било започнато, образложение што треба убаво да биде разгледано, бидејќи е премногу дискутабилно.
„Многу ми е жал дека нема да играм. Тоа беше меч што би го памтел целиот мој живот, во последните 10 натпревари бев во селекцијата, сега не сум, образложението на селекторот е дека првенството во Израел сеуште не е започнато и дека не сум во форма“ вели Тасевски за „тема спорт“.
Образложението на селекторот Јаневски е дискутабилно, познато е дека репрезентативци што ги „грееле“ клупите на своите тимови стандардно биле повикувани во нашата селекција, и покрај тоа што биле далеку од својата препознатлива форма за да прикажат добра партија за нашата селекција, па оттука и оправдана е оваа разочараност кај Тасевски.
Вреди да се напомене дека во два натпревари од последните неколку на нашата селекција, кога Дарко Тасевски доби шанса во почетниот состав, нашата селекција „блескаше“ во средниот ред, каде имаше креативност и одличен тимски дух. Тасевски беше еден од најзаслужните што ги освоивме единствените, барем засега, три бода во нашата квалификациска група, мечот против Србија, а Тасевски беше фантастичен во средниот ред. Потоа, на мечот со Словенија, Тасевски повторно доби прилика во првата постава, освен што одлично одигра, тој постигна погодок на маестрален начин.
Се поставува прашањето зошто баш тоа било образложението на селекторот Јаневски за НЕ-повикувањето на Дарко Тасевски, кое секако, доколку се направи целосна ретроспектива за тоа кои фудбалери и како биле повикувани крева многу прашина…
Исто, треба да се надополни и нелогичниот потег со неповикувањето на најдобриот фудбалер од домашното првенство, за кого украински Металург Доњецк е подготвен да плати еден милион евра обештетување, фудбалерот кој го однесе Турново до историскиот подвиг во Лига Европа, Дејан Блажевски, популарниот „Шиле“. Блажевски е дефинитивно во животна форма, форма која требаше да се потврди во националниот тим, а селекцијата на Бугарија ќе беше одличен „тест“ за овој фудбалер кој несомнено е најдобар фудбалер од домашниот шампионат, барем до овој момент, бидејќи се поизвесно е дека ќе направи трансфер во странство.
Темата за односот меѓу Попов и Јаневски сеуште е дискутабилна меѓу познавачите на македонската фудбалска репрезентација. Нема дилеми дека не треба да се зазема страна во овој случај. Сеуште се неофицијални информациите кои говорат за причините за овие несогласувања меѓу селекторот Јаневски и Горан Попов. Ние, како и сите други останати големи љубители на мак фудбалот и поддржувачи на нашата национална селекција, би посакале, во интерес на нашата национална селекција, сите несогласувања и недоразбирања да се надминат и сите заедно да се радуваме на успесите на нашата репрезентација.Неповикувањето на Дарко Тасевски, несогласувањата меѓу селекторот Јаневски и играчот на англискиот премиерлигаш ВБА, Г

Пронајдете не на следниве мрежи: