Пратеник на СДСМ тешко повредил момче- сведоци потврдиле

Пропадна срамниот обид на пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски да се прикаже како жртва на физички напад. Полицискиот извештај го вели спротивното, односно дека синоќа во ресторанот „Палас“ во Куманово, пратеникот Димитриевски физички нападнал момче.Според информациите од кумановската полиција случајот во полиција во пријавил вработен во ресторан, а веднаш потоа стигнала пријава и од таткото на нападнатото момче. Тој пријавил дека неговиот син В.А. физички е нападнат од страна на М.Д. од Куманово, пратеник во Собранието на Република Македонија кој два пати му удрил тупаници во пределот на лицето.
-Полициски службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле и му се приближило лицето М.Д. кој исто така бил на семејна прослава и со присуство на повеќе гости во удрил во пределот на лицето два пати со што му нансел телесни повреди. При преземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот и го потврдуваат истиот, информираат од СВР Куманово.
Од кумановската полиција додаваат и дека настанот е расчистен и против сторителот М.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Порталот Press24 објавува дека момчето завршило со два скршени заба. Според изјавата на момчето пратеникот го нападнал пред тоалетот удирајќи му тупаници во пределот на лицето.
Press24 објави и видео од вечерта во кафеаната но на него не може да се види тепачката.
Од ВМРО-ДПМНЕ испратија соопштение во врска со инцидентот во кое се вели дека насилството на криминалците и предавниците од СДС мора да биде санкционирано.
-Врв на криминалното и насилничко однесување на злосторничкото здружение околу криминалецот Зоран Заев е вчерашниот срамен физички напад од страна на пратеникот Максим Димитриевски. Насилникот Димитриесвки, без никаков повод и причина, се дрзнал со тупаници да нападне и да се пресмета со 23 годишно момче само заради тоа што не му се допаднала македонската песна која била нарачана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат овој скандал да се расчисти до крај.
Според информациите од кумановската полиција случајот во полиција во пријавил вработен во ресторан, а веднаш потоа стигнала пријава и од таткото на

Пронајдете не на следниве мрежи: