Прави обувки што ни во сон не може да ги купи: Сузана работи 45 часа неделно, а кога бара боледување…

Активисти на Светсокото здружение за заштита на работниците дошле до сознание дека милиони купувачи се убедени дека со купувањето во скапите продавници, купуваат роба изработена во Германија и Италија, а всушност е произведена во работилници во земјите од источна и западна Европа, во кои вработените се слабо платени.Оваа непрофитна организација дојде до поразителни статистички податоци дека работната сила се плаќа под секоја граница, во исто време луѓето се присилени да работат и по 12 часа дневно, некогаш дури и без пауза, за викенди и во други неработни денови, правејќи скапоцени обувки за најпознатите светски брендови.
Со истражувањето беа опфатени шест земји – Албанија, БиХ, Македонија, Полска, Романија и Словачка, а истражувачите навеле и дека работниците не се свесни дека саботите што ги одработуваат се всушност прекувремена работа, туку мислат дека тоа е нешто што мора да се направи.
Наведено е дека казните за грешка или неисполнување на нормите се околу 10 отсто од платата, но и до 25 отсто во некои случаи кога работниците се на боледување.
Тешкиот живот на работниците во извештајот на  здружението за заштита на работниците „Labour behind label – Работа зад етикета“, ја наведува приказната за Сузана (37) од БиХ, која од 2012 година работи во фабрика за обувки.
Таа е мајка на две деца и единствена вработена во домаќинството. Живее во урбано подрачје во куќа што ја дели со родителите. Сузана секој ден станува во 6 часот наутро и подготвува храна за семејството, по што оди на работа. Во просек работи 45 часа неделно и секоја втора сабота. Не добива бонуси за работата што ја преминува нормата, но платата ѝ ја намалуваат ако нормата не биде исполнета. Кога имаат итни нарачки, работи секоја сабота. Се очекува без оглед на околностите, работниците секогаш да бидат во фабриката.
Тешко е да се добие одмор. Поради проблеми со дишните патишта таа често мора да зема боледување, а тогаш платата од 215 евра ѝ се намалува за 51 евро.Оваа непрофитна организација дојде до поразителни статистички податоци дека работната сила се плаќа под секоја граница, во исто време луѓето се при

Пронајдете не на следниве мрежи: