Правила за состаноци: добри, лоши и бесмислени

Loading...

Што се однесува до состаноците, старите правила им забрануваа на девојките две работи – да повикаат момче на состанок или од прв состанок да му “легнат“ во кревет. Но, денес зборуваме за сосема други правила, кои можеме да ги препишеме на развојот на технологијата.
Кој во деведесеттите знаеше дека еден ден ќе се појави Фејсбук? Дури на крајот на 1992 година, испратена е првата СМС порака и денеска се оди преку социјалните мрежи, посебно љубовните почетоци. Од таа причина британскиот магазин “Гламур“ во фебруарскиот број неведе четири нови правила, односно ги праша своите машки читатели што мислат за нив. Еве каков е резултатот.
– Не одговарајте на пораки испратени по полноќ
Тоа е повик за секс и веројатно таква порака испратил уште на 10 други броеви.
Ни точно, ни неточно. Половина од момците сметаат дека така оставаме впечаток дека сме достапни било каде, а другата половина одговорила дека познаваат многумина нивни пријатели, кои на тој начин ја започнале врската без никакви предрасуди.
– Почекај малку пред да му одговориш на пораката или електронската пошта
Мажите ова правило го сметаат за тотална глупост. Велат дека тоа не го заслужуваат, бидејќи и така нема да помислат ништо лошо и ако одма го направат тоа.
– Немој никогаш прва да испратиш “барање за пријателство“.        
Вистина е, бидејќи така јасно даваш  до знаење дека си заинтересирана за него, па така го уништуваш чувството дека момците се тие кои освојуваат.
– Тој мора да Ви се јави после првиот состанок
Некои момчиња велат дека ако не се јават први, тоа е јасен знак дека не се заинтересирани. Други пак откриваат дека тоа не мора да биде нужно, бидејќи понекогаш и двајцата се премногу срамежливи. Што мислите Вие, ни требаат ли вакви правила или треба да се водиме само од нашите чувства?
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Што се однесува до состаноците, старите правила им забрануваа на девојките две работи – да повикаат момче на сос

loading...