Правнукот на Ченто ГО СПУШТИ Ван Хауте на земја!

Правнукот на македонскиот национален борец, Методија Андонов- Ченто, Јане Ченто, преку социјалните мрежи му одговори на белгисиот посредувач Питер Ван Хауте, кој утрово продолжи со навреди кон македонскиот народ и историјата.-Планирам да напишам водичи за туристи, ќе почнам со Скопје; Размислувајќи како турист, гладен за историја. Каде е Музејот на ВМРО, не е во мојот водич, ја објави Ван Хауте дрската порака со која успеа да го навреди не само партиското членство, туку си поигрува со чувствата на севкупното македонско општество, историјата, наследството на македонскиот народ.

По ваквиот твит на Белгиецот, следеше одговор од правнукот на Методија Андонов-Ченто, Јане Ченто, кој му порача на Ван Хауте дека поминало времето кога типови како него и Светозар Вукмановиќ- Темпо одлучувале за македонските работи.

-Го гледам Ван Хојте или Хауте како и да е, не знаел да го најде музејот на Македонсата револуционера борба. Еве јас лично ќе го одведам, и не само во музејот на ВМРО, туку и во посета на споменикот на мојот прадедо Ченто,па потоа ќе го запознаам со делото на Чуповски, Шатев, Апостолски, Брашнаров, Делчев,Карев……Сите овие и многу други како нив, херои и историски гиганти се бореле за суверена и независна Македонија, за држава која самостојно и слободно ќе носи одлуки, затоа што оваа држава е на НАРОДОТ што живее во нејзе, за да не можат типови како Ван Хојте и други како него да управуваат со волјата на народот кој има своја држава, свој идентитет и своја слобода да одлучува. Помина времето кога типови како Темпо и Ван Хојте одлучуваат за македонските работи…
Со почит, Јане Ченто правнук на Методија Андонов Ченто.-Планирам да напишам водичи за туристи, ќе почнам со Скопје; Размислувајќи како турист, гладен за историја. Каде е Музејот на ВМРО, не е во мојот в

Пронајдете не на следниве мрежи: