Славската погача се прави во облик заоблен леб, но изгледот на славската погача зависи од умешноста на домаќинката.Најважен украс на славската погача е печатот во облик на квадрат (печат-просфорник) со крст во средина, меѓу чии краци стои натписот ИС ХС НИ КА (овој натпис на грчки значи „Исус Христос победува“).
За втсинување на овој знак постои посебен дрвен печат (обично се наследува од колено на колено и секоја домаќинка треба да го има).
Украсите на славската погача ги претставуваат желбите на домаќинката за благосостојба на целото семејство.
Житниот клас претставува родна година, како и гроздот и бурето.
Птици: здравје и веселба.
Грозд: за да роди грозјето.
Буренце: сѐ во куќата да биде во изобилство. Понекогаш бурето се прави обвиено со венец од плетенки, кои се прават со мало ноже.
Цвеќе (розички): означува убавина, чистота, благиот мирис на душата и желба за децата да израснат во убави и чисти како рози.
Украсите се ставаат во полињата помеѓу краците на крстот и доволно е во секој од четирите полиња да се наоѓа по еден. Во средината на погачата се забодува парче осветен босилек. Целата погача се премачкува со вода и масло, а украсите се оставаат бели. Најважен украс на славската погача е печатот во облик на квадрат (печат-просфорник) со крст во средина, меѓу чии краци стои натписот ИС ХС НИ КА (о



