Празникот Марди Грас ја испрати зимата во Француското Интернационално училиште

(Скопје, 10.02.2016) – Со карневалска сценографија, живописни маски и традиционални песни децата од Француското Интернационално училиште го прославија Марди Грас. Познат како празник кога се испраќаат последните зимски и се повикуваат топлите пролетни денови, овој ден има големо значење во француската култура.„Со одбележување на овој празник кој што подразбира многу мултидисциплинарни активности се обидуваме кај нашите ученици како и децата од градинката да им ја поттикнеме креативноста преку стимулирање на самостојна изработка на маски, костими и сценографија и фантазијата со раскажување на една многу живописна приказна за господинот Карневал. Воедно преку пренесување на искуствата од Франција, од каде што потекнува овој празник се обидуваме да ги доближиме до космополитска култура и традиција. Овој ден и активностите поврзани со него се во согласност со сето она што го применуваме како згрижувачка и образовна институција, едукација, креација и забава“, истакна изјави Себастијан Шевале, директор на ЕФИС.
Марди Грас во Француското Интернационално училиште се одбележува со бројни активности во текот на целата недела. Учениците од градинката и училиштето изготвија еколошки круни со цел претставување и воведување на новиот проект за оваа учебна година „Заштита на животната средина“. Покрај дефилето со овие маски, проследено со традиционални песни карактеристични за овој ден и празничното мени, чинот на повикување на топлите денови и пролетта е со симболично горење на Господинот Карневал.„Со одбележување на овој празник кој што подразбира многу мултидисциплинарни активности се обидуваме кај нашите ученици како и децата од

Пронајдете не на следниве мрежи: