Заврши тридневниот празник на убавата храна, неговото величество – самунот и прекрасниот благ специјалитет-татлијата. Се потврди наградата на Министерствотоо за економија за најуспешна манифестација во државата. Годинешнава манифестација „Самун ем Татлија“ (14, 15 и 16 октомври) привлече најмногу гости досега, најмногу направени сомуни и вкусена татлија.Во овие три дена општината ја покажа својата добра организација и тимско работење во секој момент и дел од планираната програма и агенда како во центарот на случувањата градскиот плоштад Свети „Спасо Радовишки“ така и во делот на приемот и посетата од страна на седумте делегации од збратимените градови и општини од Русија, Турција (две делегаци), Хрватска, Романија, Бугарија и Република Србија (две делегации).
На убавата храна, кулинарските мајстории во подготовка на сомунот и татлијата, карактеристика за овие краеви се надоврзува и убавата музика. Бројноста на публиката годинава уште еднаш покажа дека изборот на пејачите и групите е полн погодок. Во петокот на отварањето на манифестацијата настапија Ту Дејс, Троја, Ај Кју, Љубојна.
Во саботата целодневната програма вклучи настапи на фолклорни ансамбли, потоа групата Распеани Радовишани, Екстра Плус, Јоце Панов Бенд, Јордан Митев и во вечерните часови концерт на балканската музичка мега-ѕвезда Шабан Шаулиќ, афтерпарти со нашиот познат Џамбо и Агушеви.
Во саботата во попладневните часови градоначалникот Сашко Николов ги засече првите парчиња од најголемиот мега самун, но и најголемата тава вкусна татлија.
Забележително е тоа што организаторот ја прилагодил програмата и музичките бендови на публиката, содржини во натпреварување на најбрзо јадење на сомун, најдобро приготвени специјалитети итн.
-Манифестацијата освен што ја збогатува туристичката понуда, го помага и локалниот развој и претставува голема промоција на општината и нејзините потенцијали што е дел од програмата и посебната агенда која градоначалникот ја има со претставниците од збратимените градови. „Сметам дека ова година се надминавме себе си и го остваривме зацртаниот предизвик-најдобра, најпосетена и најбројна манифестација „Самун ем Татлија 2016“ година. Успеавме ова манифестација да ја претвориме во регионален и препознатлив бренд како во државата така и надвор од неа со оглед на бројот на делегации кои особено ова година ја посетија и беа дел од неа, а ние како општина ги вложивме сите сили и дадовме се од себе да оставиме најдобар можен впечаток. А имено потврда дека се движиме во правилна насока е и наградата која ова година ја добивме од Министерството за економија за нашата „Самун ем татлија манифестација.“-рече градоначалникот Николов.
Вчеравечер во неделата на 16 октомври на последниот ден од манифестацијата програмата ја надополнија Дрим тим и Марјан Коцев, Либеро Бенд, Ефто Пупиновски Даниел Кајмаковски и Брас Брадерс.
Покровител на „Самун ем Татлија“ манифестацијата е градоначалникот Сашко Николов.Во овие три дена општината ја покажа својата добра организација и тимско работење во секој момент и дел од планираната програма и агенда како во це