Празникот Водици масовно одбележан во Општина Илинден: Крстот го фати Марио Димитријевски

Традиционално со осветување на водите на езерото на хотелот Белви, што го извршија свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“, жителите на Општина Илинден масовно го одбележаа големиот христијански православен празник Богојавление – Водици.По 4-ти пат најсреќен меѓу 60-ната верници, кој прв стигна до Богојавленскиот крст што беше положен во водите на езерото на хотелот Белви, беше 21 годишниот Марио Димитријевски.
На најрадосниот учесник, од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, како и  од претставници на јавните претпријатија, бизнисмени и граѓани му беа доделени повеќе подароци.
Студеното време и снегот не беа пречка голем број граѓани да присуствуваат на манифестацијата која по 9-ти пат ја организира Општина Илинден во сорабортка со свештениците од црквата „Свети Константин и Елена“.
Како што налага традицијата, како и во изминатите години Општина Илинден за присутните на манифестацијата обезбеди топли пијалоци, како и традиционалната пифтија.
 
Православниот празник Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува уште и Водици заради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден.По 4-ти пат најсреќен меѓу 60-ната верници, кој прв стигна до Богојавленскиот крст што беше положен во водите на езерото на хотелот Белви, беше 21

Пронајдете не на следниве мрежи: