Мислевте дека се оди по план, но одеднаш тој ве изненади и одлучи да ја прекине врската? Длабоко воздивнете, смирете се и имајте ги на ум овие работи.Вие сте прекрасна!
Знаеме дека можеби не ви се чини така, но сетете се на своите квалитети и запишете ги на лист хартија. Повторувајте ги се до моментот додека не сфатите дека дечкото кој ве оставил не ни заслужил да биде поред вас – и продолжете понатака.
Се случува на сите
Не е за утеха, барем не на почетокот, но помага во моментите кога ќе помислите дека веќе никогаш нема да пронајдете некој. Ете баш во овој момент постои некој маж кој го оставила девојката – значи не сте сами. И да, постојат слободни мажи.
Не е крај на светот
Можеби е почетокот на нешто ново. Можеби уште утре ќе запознаете некој за кој ќе бидете луда, а токму овој прекин всушност послужил за да можете да се посветите на новата љубов.
Можете да научите нешто
Размислете поради што не ви одеше и научете нешто од оваа приказна. Ако на прекинот гледете како на нешто што ќе ви помогне во следната врска ќе биде подобро, значи дека во претходната врска не сте биле без причина.Вие сте прекрасна!
Знаеме дека можеби не ви се чини така, но сетете се на своите квалитети и запишете ги на лист хартија.