Пред да седнете позади волан, ЗАДОЛЖИТЕЛНО направете го ОВА…

Повеќето луѓе пред да влезат во својот автомобил го посетуваат тоалетот, па проверуваат дали имаат паричник и клучеви. Откако ќе седнат зад волан, проверуваат и дали имаат доволно бензин. Но, на оваа рутина ѝ недостасува една клучна ситница која може да ви го спаси животот во сообраќајот.Едно американско истражување открило дека возењето во дехидрирана состојба може да биде исто толку опасно како и возењето под влијание на алкохол. Токму затоа, пред да седнете зад волан многу е важно да испиете доволна количина вода, особено во топлите летни денови.
Истражувањето се состоело од тестирање грешки за време на симулирано возење. Првиот ден испитаниците на секој час пиеле по една чаша вода и до крајот на денот направиле 47 грешки. Вториот ден, на секој час пиеле само по една голтка вода, правејќи вкупно 101 грешка. Грешките кои биле најчесто правени вклучувале несоодветно менување ленти како и прекасно кочење.
Како се поврзани возењето со пиењето вода? Човечкиот мозок не функционира оптимално кога е дехидриран. Дехидрацијата исто така негативно влијае врз вештините кои се клучни за правилно возење, како бистрината на умот, благовремени реакции, фокус, концентрација, па дури и добро расположение. Кога на организмот му фали вода, мускулите исто така не функционираат онака како што би требало. Токму затоа секогаш пред да влезете во вашиот автомобил, пијте барем по една чаша вода.Едно американско истражување открило дека возењето во дехидрирана состојба може да биде исто толку опасно како и возењето под влијание на алкохол.

Пронајдете не на следниве мрежи: