Пред очи и го убиле сопругот: Животот му згаснал за две секунди!

„Душо, ми го скина носот“, тоа се последните зборови на Стеван, вели Нена, сопругата на Стеван Катиловиќ (35), кого непознат напѓач го убил со мачета во Батајница.Во станот на последниот спрат во зградата на улица Св Рафаил Шишатовачки, Нена го оплакува својот сопруг и грчевито ја стега нивната заедничка фотографија. Пред зградата соседите со вода ја мијат крвта која останала на улицата…
„Се обвинувам себе си што не ги видов очите на убиецот. Каков е тој човек кој може да убие без никаква причина“, се прашува Нена.

Таа и Стеван околу 17:40 часот тргнале со автомобил до Белград. Штом излегле од зградата, на улица се појавил човек.
„Стеван му свирна, му викна затоа што оди на средина на улица. Изби расправија. Тој човек почна да го навредува Стеван, бараше од него да излезе од автомобилот. Го молев да не излегува, но тој ја отвори вратата. Се степаа, паднаа на улица. Тоа траеше две секунди, додека да го симнам појасот и да излезам. Стеван веќе беше во крв. Го кренав. Ми рече дека му го отсекол носот. Фрлив поглед на тој човек. Во едната рака држеше торба, во другата крвава бека кеса со мачета. Повеќе не видов, ни каде замина ни кога“, вели Нена.

Тогаш започанала борбата за живот. Со едната рака му го држела носот, а со другата му го вадела јазикот за да не се загуши.
„Викав некој да викне брза помош. Дојдоа дури по половина час. Ме тргнаа од Стеван. Го држев на градите. Мислев дека само носот му е повреден, не ни насетив дека ми починал на градите. Искрвавил од раната на препонот… Како ќе продолжам без него“.
Никој не забележал во кој правец заминал напаѓачот. Но го снимила камера од една околна куќа. Полицијата ја земала снимката, и останува да се види колку ќе помогне во идентификација на убиецот.

Нена тврди дека се работи за маж стар помеѓу 50 и 60 години, облечен во темнозелена јакна.
„Беше темница, не му го видов лицето. Седам овде и чекам полицијата да ми јави дека убиецот е уапсен. Тоа би била единствена убава вест. Друго немам, ниту ќе имам.
Соседите тврдат дека не познаваат никого кој би можел да нападне било кого, но тврдат дека крајот воопшто не е безбеден.
„Наркоманите прават најголеми проблеми. Нема куќа во крајот која не е ограбена. Затоа поставивме видео надзор“, вели соседот Драган, кој прв  пришол да и помогне на Нена.Во станот на последниот спрат во зградата на улица Св Рафаил Шишатовачки, Нена го оплакува својот сопруг и грчевито ја стега нивната заедничка фото

Пронајдете не на следниве мрежи: