„Пред потопот“ стана еден од најгледаните филмови во историјата

Документарниот филм „Пред потопот“ на Леонардо ди Каприо е гледан за неколку дена од над 60 милиони гледачи низ целиот свет и веќе е еден од најпопуларните брендови во историјата неиграни филмови во кино, пренесува специјализираното онлајн издание IndieWire.Оскаровецот Леонардо Ди Каприо е продуцент и главен лик во филмот на National Geographic Channel, чија светска премиера во 171 земји беше на 30 октомври.
Бројот на гледање се зголемил значително по завршувањето на претседателските избори во САД. Според зборовите на режисерот на филмот Фишер Стивенс, ако Доналд Трамп ги одржи предизборните ветувања, ќе го уништи целиот напредок постигнат во заштитата на животната средина.
„Во моментов се обидуваме да му го покажеме филмот“, рече Стивенс.
„Пред потопот“ е резултат од 3-годишното патување во светот на Ди Каприо како амбасадор на мирот и неговите разговори со политичари, научници и активисти за влијанието на климатските промени врз планетата на која живееме.
Во филмот се појавуваат светски фигури како Папата Франциск, Барак Обама, Илон Муск. Саундтракот е на фронтменот на групата Nine Inch Nails Трент Резнер и на пост-рок бендот Mogwai.Оскаровецот Леонардо Ди Каприо е продуцент и главен лик во филмот на National Geographic Channel, чија светска премиера во 171 земји беше на 30 окт

Пронајдете не на следниве мрежи: