Предновогодишна хуманитарна акција на УМС и Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Берово

Во пресрет на Новогодишните празници, Унијата на млади сили од ОК Берово во заедничка акција со Унијата на жени од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово и Пехчево беа во посета на Малиот групен дом за деца без родители во Берово на кои им подарија прехрамбени продукти и намирници.Со акцијата Унијата на младите сили и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, како што истакнаа имаат намера да ја сочуваат веќе поставената традиција, да им помогнат колку што можат барем на оние лица на кои ваквите пакети им се најнеопходни и воедно да им ги честитаат Новогодишните и Божиќните празници.
Од страна на претседателот на Унијата на млади сили Драган Мустачки и претседателката на Унијата на жени Наташа Аврамска беше потенцирано дека и во наредниот период ќе продолжат со организирање на настани од хуманитарен карактер, како што се крводарителски акции, помош за децата со посебни потреби, пензионерите, акции во донирање облека, храна и книги, со цел да се покаже искрената намера да се помогне некому.
Тие на сите граѓани им ги честитаат Новогодишните и Божиќните празници со желба за многу здравје, среќа, бериќет, благосостојба и хармонија во семејствата и посакуваат празничните денови да донесат радост, топлина и спокој во секој дом.Со акцијата Унијата на младите сили и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, како што истакнаа имаат намера да ја сочуваат веќе поставената традиција, да и

Пронајдете не на следниве мрежи: