Топлото време предизвика портокалова фаза во Македонија, додека пак во некои земји на Балакнот го достигна степенот на црвена фаза. На интернет-страницата на Европскиот систем за предупредување од опасни метеоролошки појави „Метеоаларм“ Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија се означени со црвено, што означува исклучително опасно време.
Предупредувањето е дека топлото време може да нанесе големи шетети на означената територија, вклучително и опасност по животот на луѓето, а најопасно е на реонот на Загреб, Карловачкиот округ, Госпиќ и Риека.
Во петок кон сабота во Хрватска се очекуваат силни бури, пороен дожд, град со големина од 12 сантиметри и силни ветрови.
Македонија влезе во портокалова фаза која исто така е доста ризична по здравјето на луѓето, па граѓаните треба да ги слушаат советите од своите доктори.
На интернет-страницата на Европскиот систем за предупредување од опасни метеоролошки појави „Метеоаларм“ Србија, Хрватска, Словенија и