Предвидувањата на Никола Тесла се остварија во 21-век

Генијалниот научник Никола Тесла предвидел низа работи што ќе се случат во 21-век. Неверојатно, но многу од неговите предвидувања станале реалност во времето во кое живееме сега.
Создавање на агенција ЕРА
Тој предвидел отворање на агенција за заштита на околината ЕРА. Агенцијата е основана 35 години по неговата смрт во Америка.
„Хигиената и телесната култура ќе бидат препознаени како дел од едукацијата. Агенциите за хигиена и телесна култура ќе бидат поважни и од претседателот на САД во 2035-та година“- тврдел Никола Тесла.
Едукацијата поважна од војната
Тесла го замислувал светот како борба против незнаењето. Сметал дека во 21- век наместо трошење средства на војна како што било во минатото, земјите ќе инвестираат во знаење и истражувања.
„Ќе биде позначајна борбата против незнаењето, отколку војната“- велел Тесла.

Здравје и исхрана
„Не јадам месо, а тоа сите набрзо ќе го сфатат“. Во 21-век се повеќе се внимава на исхраната, особено на консумирањето на месото. Тесла говорел и за тоа дека чајот и кафето нема да бидат толку популарни, за разлика од алкохолот.

Роботи
Научникот почнал да се занимава со роботика уште во 1890-та година. „Се што правиме денес, тоа еден ден ќе го прават роботи“- предвидел Тесла.

Управување со природни ресурси и ефтина енергија
„Сите  домаќинства ќе имаат вода и струја. Секоја земја и секое место на планетава ќе има енергија“- велел Тесла.
Генијалниот научник Никола Тесла предвидел низа работи што ќе се случат во 21-век. Неверојатно, но многу од неговите п

Пронајдете не на следниве мрежи: