Предвидување на Павел за светот: Америка ја чекаат тешки времиња, Украина и Европската Унија ќе престанат да постојат!

Рускиот астролог Павел е познат по своите прецизни предвидувања, во 2009 година го објави она што сега се случува во Украина, но исто така и низ целиот светМинатата година, познатиот руски астролог Павел објави повеќе глобални предвидувања. Да ве потсетиме, тој го рече следново: „Третата светскавојна ќе се појави во 2014 година. Ова ќе се случи или во средината на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, или веднаш по нивното завршување. Мораме да бидеме подготвени“.Инаку, Глоба за прв пат јавно ги искажува своите предвидувања во почетоците на 80-тите години на минатиот век, каде го најавува распадот на СССР. Тој исто така предвидува дека летото 1991 година на улиците на Москва ќе бидат исполнети со тенкови. Според неговите тврдења, околу 85% од неговите предвидувања се исполнети, па дури и она за распадот на Украина кое ќе се одвива после Олимпијадата во Сочи. А што потоа? … Останува само да видиме! Оваа прогноза Павел Глоба ја има изнесено во јавноста уште во 2009 година !
Почеток на крајот
Еве што тогаш изјавил: Кризата нема да ја преживее Украина, која ја чека распад на три дела. Распадот нема да се случи сега, туку во 2014 година. Во Украина ќе постојат две независни администрации, кои само формално ќе го задржуваат интегритетот на територијата, нешто слично на Молдавија. Источно украинската федерација нема да го поддржува Киев, и со самото тоа ќе стане дел од Руското Царство а Крим ќе постане украинска Чеченија. Според тогашните тврдења на астрологот.Економската криза, која ќе се продолжи до 2020 година на крајот ќе донесе до промени во геополитичката карта на светот. САД го очекуваат тешки времиња, а Украина и Европската унија ќе престанат да постојат. Тогаш во 2009 година во Москва, он тврди дека претседателот на САД го очекува независна судбина која ја предвидел средновековниот руски астролог Василија Немчин. Уште во 1999 година он тврдел дека светот ќе се соочи со невидена криза, која ќе започне после 44 претседател на САД. Секако тој претседател е Барак Обама.

 Прогноза
Лошата среќа на САД како што ја објаснува рускиот астролог и монах од 16 век Василиј Немчин, укажува на промените кои доаѓаат од преку океанот, кога на власт ќе бидат 44 претседатели. Него Немчин го нарекол „црниот човек“.Тогаш во 1999 се сметало дека црниот човек е метафорички израз, но со текот на времето се покажало на што точно се мислело. Русинот погрешил за неколку месеци, меѓутоа тоа му се простува бидејќи, кризата започнува кратко по доаѓањето на Барак Обама.Павел Глоба нагласува дека според хороскопот, за Обама 2011 ќе биде најтешка година кога и животот ќе му биде доведен до опасност. Внимателно го проучувале хороскопот на Барак Обама и заклучиле дека неверојатно е сличен со хороскопот на Џон Кенеди. Посебна опасност за животот на Обама имаше во 2011 година но, како што сите знаеме тој ја преживеа.Како што забележал астрологот, САД како лидерска светска сила нема подобра иднина. Америка ја чека големата депресија. Земјата ќе успее да се спаси, но она ќе го изгуби е лидерскиот статус. Најтешко време за САД ќе настане при заминувањето на Барак Обама, кој нема да остане на претседателската фотелја подолго од еден мандат. Во оваа прогноза Павел Глоба очигледно е дека погрешил, бидејќи како што знаеме во тек е вториот мандат на Обама.
Според ова на Американците не им се пишува убаво, но Европската унија ја очекува уште потажна иднина. Наместо една Европска унија ќе се појават неколку сојузи. Земјите од Скандинавија ќе го формираат Северниот сојуз. Франција Италија и Шпанија ќе се соединат во Јужно Европски Сојуз и т.н. Европската унија можеби ќе остане како формација, но само на хартија. Според прогнозирањата на астрологот, ќе се распадне и НАТО, кој прво ќе го намали бројот на членки а потоа ќе престане да постои – изјавува Глоба.

 
По неговата прогноза, економската ситуација во светот во блиска иднина ќе продолжи да се влошува: иднината на доларот во наредните две години се доведува до знак прашање, иако колапс на американската валута нема да се случи. Според предвидувањата најтешко време за доларот ќе биде 2017-2018 година. Доларот тогаш потполно ќе девалвира и нема да има никаква вредност. Еврото ќе го достигне максимумот и ќе биде најкористена валута, при што нагласува дека е подобро штедењата да се вршат во евра иако порано се веруваше дека најдобра валута е швајцарскиот франк.Според неговите прогнози и цената на нафтата ќе падне во наредниве години. Цената на барел ќе се движи од 30 долари, но нема да паѓа подолу. После 2016 година цената на нафтата ќе почне да расте а тоа ќе и помогне на Русија да излезе од кризата како светски лидер.Павел Глоба исто така тврди дека 2014 година ќе биде година на зголемен ризик и става акцент на авионските летови. Во 2015 година тој предупредува и драматично зголемување на бројот на земјотреси во водите на Пацификот. 
Според неговите прогнози светот го тресат и геополитички промени до крајот на 2020 година: Сите држави ќе преживеат тешки времиња, но на крајот од тие години Русија ќе излезе како моќна империја и нов светски лидер. Како што тврди Глоба наредниве три години целиот свет го очекува тешко време а тоа го гледа во поврзаната опозиција на Сатурн и Уран. Таква корелација која се повторувала во минатото покажала дека носи глобални политички катаклизми.Според зборовите на астрологот, Русија заедно со целиот свет ќе преживее три бранови на глобални кризи, при што врвот ќе биде во 2014-2015 година. Првиот бран ќе започне во 2012 година а врвот ќе го достигне летото 2012. Одредена стабилност ќе биде постигната, а кога многу ќе помислат дека кризата завршува, тогаш ќе започне вториот бран.

 
Втората голема депресија
Сепак, според кажувањата на астролозите, тешката криза нема да донесе граѓанска војна во Русија ниту пак на друго место во светот. После 2011 година кризата ќе почне да слабее и ќе заврши во 2012 година. Меѓутоа, тоа ќе биде само нејзиниот прв бран. Од 2014 година ќе почне вториот бран на криза кој ќе биде помоќен и поразорен. При тоа, Глоба го насочува вниманието на тоа дека 2014 година е многу интересна година која е поврзана со астрологијата која носи страшни работи. Ана Ахматова во своето време забележала дека страшни катаклизми се случувале на годишнината од раѓањето и смртта на Михаил Љермонтова.
На стогодишницата од неговото раѓање (роден 1814) почнала Првата светска војна. Сто години по неговата смрт (починал во 1841) – Втората светска војна. На 150 годишницата од неговата смрт се распаднал Советскиот Сојуз, а на 200-тотиот негов роденден Љермонтов и носи на земјата нешто навистина страшно. Прашањето од астролошко гледиште е дали се најавува критична точка?Се на се, од 2014година до 2016година за Русија ќе биде време на големи промени поврзани со големи потреси, а ниту останатиот дел од светот нема да помине добро. А тогаш настапува она најлошото односно третиот бран на кризата кој ќе се случува од 2017година до 2020година, кој се претпоставува дека нема да биде најтежок но, мора во предвид да се земе и човечкиот фактор.
На крајот од 2020 година целата човечка популација ќе се збогува со оваа криза која ќе биде наречена втора голема депресија. Крајот на кризата се поврзува со близината на Јупитер и Сатурн која се случува еднаш во 20 години и носи позитивни промени. Земајќи го во предвид тоа дека Јупитер ќе се приближи кон Сатурн на датумот која ја поврзува ѕвездата со Русија, а тоа укажува дека баш Русија ќе биде таа која ќе ја поврати својата империјална моќ и ќе има шанси да стане новиот светски лидер – смета Глоба.Според неговите тврдења, после кризните години од 2020 година до 2050 година ќе станат години на препородување на Русија. При тоа, тој потсетува на превидувањата на Василиј Немчин, кој живеел и работел пред Нострадамус дека на власт ќе дојде нова моќна способност која кај Германците била позната како јавач на бел коњ.
Што означува бел коњ? – Не знам. Но, можно е да биде роден во годините на коњот. Новиот лидер нема долго да владее, но ќе остави голем белег. Се претпоставува дека препородувањето на Русија ќе трае најмалку 30-тина години. Се на се и војната и кризата ќе се заврши до 2020 година, но како што Балканот касни со се таа тука ќе се задржи најмалку до 2025 година.Минатата година, познатиот руски астролог Павел објави повеќе глобални предвидувања. Да ве потсетиме, тој го рече следново: „Третата све

Пронајдете не на следниве мрежи: