Прегазено 11 годишно дете на крстосница на Партизанска

Единаесет годишно дете синоќа околу 21:30 часот било прегазено на крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“.Од полицијата информираат дека во момчето удрил автомобил „Ауди А4“ управуван во 25 годишниот скопјанец Т.С., кој по несреќата избегал со возилото, но за кратко време се вратил назад. Прегазеното момче било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се контатирани полесни повреди и е пуштено на домашно лекување.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид и работи на расчистување на случајот, а „Аудито“ е предадено на вонреден технички преглед.
Дел од медиумите, пак, објавија дека прегазеното момче на раскрсницата ги чистело ветробранските стакла на автомобилите.Од полицијата информираат дека во момчето удрил автомобил „Ауди А4“ управуван во 25 годишниот скопјанец Т.С., кој по несреќата избегал

Пронајдете не на следниве мрежи: