Од се срце се заблагодаруваме на верниот посетител и читател на нашиот веб портал са ова прекрасно парче поезија. Овој прекрасен гест многу не изненади и не израдува. Многу ни е мило што сме инспирација на нашите читатели. Пулс24.мк е тука за вас. За сите вас!„Со брат ми ја напишавме оваа поема од срце за Вас и за делата на Јелена Бачиќ Алимпиќ со надеж дека има шанса да ја добиеме долгоочекуваната нејзина најнова книга. Ќе биде и перфектен подарок за годишнината од брак на нашите родители, па би можеле да им подариме незаборавен подарок со посвета од самата авторка. Најдобри сте!“
Животот е „рингишпил“,
Се врти во круг цело време,
Сведочејќи за старо и ново бреме,
Љубов, среќа но и тага,
Сите овие се обележја на оваа сага.
Книгата „Писмото на г-ѓа Вилма“, пак, се бори,
За вечна љубов што срцето го гори.
Што е животот за оној што сака,
Ако е осуден истиот да го помине во огромна мака.
Се да зависи од еден пишан збор,
Што направи внукот да дојде во српски двор.
А сега, перото на Алимпиќ патува,
Со својата магија Париз го збогатува.
Трњата што душата ја горат,
Растат и во последната пролет за со љубовта да се борат.
Со солзи испеана песна,
Сфаќаме дека „последната пролет во Париз“ не е воопшто лесна.
Пулс 24 што срцата ги плени
И секојдневниот живот ни го смени,
Може ли да ми ја даде,
Книгата „Последната пролет во Париз“ што срца краде „Со брат ми ја напишавме оваа поема од срце за Вас и за делата на Јелена Бачиќ Алимпиќ со надеж дека има шанса да ја добиеме