Прекрасната Викторија Лоба во благородна мисија за популаризација на книгата и поттикнување на читањето

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, оствари одлична соработка со прекрасната Викторија Лоба, која освен што има исклучителен музички талент, врвни вокални способности и шарм кои ѝ се познати на јавноста од нејзините естрадни настапи, исто така е голем љубител на книгите и има изградено сопствен интелектуален профил. Викторија Лоба ќе се појави на насловната страна на првиот број на новото списание „Издаваштво“ што НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе го објавува во функција на популаризација на книгата и поттикнување на читањето како активност што придонесува за надградба на личноста од секој аспект, а читателите исто така ќе можат да прочитаат и какво значење има книгата во животот на Викторија, колку и зошто ги сака книгите, кои книги и од кои автори, македонски и странски, ѝ оставиле посебен впечаток, дали според неа книгата е нешто што истовремено заведува и облагородува, зошто смета дека е важно да се чита итн. 

Списанието ќе излезе од печат во втората половина на ноември и ќе биде дистрибуирано до сите градски библиотеки во Македонија и во повеќе странски национални и универзитетски библиотеки, а освен во печатен облик, ќе биде објавено и во електронски формат.Викторија Лоба ќе се појави на насловната страна на првиот број на новото списание „Издаваштво“ што НУБ „Св. Климе

Пронајдете не на следниве мрежи: