Прекрасно: Зошто се ќерките посебни?

Прекрасна приказна кружи на интернет, па решивме да ја споделиме со вас.По прекрасната свадба млад брачен пар на првиот ден од нивниот брак одлучиле никому да не му отвораат врата. направиле договор – не се отвора вратата за никого по никоја цена – ќе бидат сами првиот ден од бракот!
На тој ден прво дошле родителите на мажот – сакале да го видат синот и снаата. Зазвонеле на вратата зад која биле сопружниците, но никој не отворал. Заѕвонеле повторно – мажот сакаше да ја отвори вратата, се двоумеше но поради цврстиот договор кој го направи со жената – не ја отвори вратата, родителите тажни си заминаа.
Набргу потоа повторно некој заѕвонел на вратата –  родителите на жената. младенците повторно стоеа зад вратата се гледаа додека ѕвоното ечеше низ куќата. Жената го прегрна мажот и со солзи на очите му шепна, не можам ова да им го направам на моите родители, и таа ја отвори вратата .
Сопругот не кажа ништо, години поминаа и тие добија 4 сина, а петтото дете беше девојче. Таткото, за раѓањето на синовите прославил, но за раѓањето на ќерката направил невидена фешта – ги поканил сите што ги познава и потрошил неброени пари за забавата.
Подоцна таа ноќ неговата сопруга го праша што е причината за таквата голема прослава за ова бебе додека за 4 сина претходно имале поскромни забави –
Мажот одговорил со една реченица – бидејќи таа е таа која ќе ја отвори вратата за мене!
mkd-news.comПо прекрасната свадба млад брачен пар на првиот ден од нивниот брак одлучиле никому да не му отвораат врата. направиле договор – не се отвора

Пронајдете не на следниве мрежи: