Прекројување на границите на Балканот – Македонија ќе го изгуби северозападниот дел- „Обзервер“

Мешањето на Русија во случувањата на Балканот може да ги внесе сиромашните членови на заедницата преку работ, што ја загрозува цела југоисточна Европа, а Западот мора да ја поправи штетата која ја нанесе за време на распадот на Југославија, оценува американскиот експерт за безбедност и поранешен аналитичар на Националната безбедносна агенција НСА, Џон Шиндлер.Колумнистот на њујоршкиот „Обзервер“ пишува дека НАТО мора да и помогне на југоисточна Европа од агресивни потези, како на пример обидот за државен удар во Црна Гора пред неколку месеци и укажува на опасност од кризата во Македонија.
-Ширум поранешна Југославија, НАТО и ЕУ инсистираа за зачувување на внатрешните граници на пропаднатиот комунистички режим, иако тие претставуваат бирократски хир на комунистичките функционери, а не етничка реалност, наведува Шиндлер и оценува дека таквиот пристап бил осуден на пропаст.
Тој смета дека Јосип Броз Тито ја држел Југославија „со комбинација на харизма, политички талент и многу непријатна тајна полиција“, што не го поседуваат ниту НАТО, ниту ЕУ.
-Дојде време Западот да го признае својот неуспех и на југоистична Европа да и го даде она што навистина и е потребно, нормални држави – нации со кохерентни граници, пишува Шиндлер и додава дека за тоа е потребно да се преправи мапата на Тито.
Тој ја опишува БиХ како „псевдо-држава која никогаш не заздравила од катастрофата која траеше од 1992 до 1995 година“ и додава дека „милијарди долари западна помош исчезнале благодарение на големата корупција и криминал“.
-Република Српска нека и се придружи на Србија, како што одамна сака, пишува Шиндлер и напоменува дека никој не може да објасни рационално зошто границите на Србија од времето на комунизмот може да се менуваат, а на БиХ не може.
Колумнистот на „Обзервер“ наведува дека на етничките Хрвати од западна Херцеговина треба да им се дозволи да се приклучат кон Хрватска и потсетува дека поголемиот број на локални Хрвати веќе имаат хрватски пасоши.
Шиндлер смета дека на останатиот дел од БиХ треба да и се овозможи да оди по својот пат и по забрзана постапка да биде примена во НАТО и ЕУ.
-Западот мора да се откаже од фантазијата дека долгорочен мир на Балканот може да биде постигнат со изолирање на Србија, наведува колумнистот напоменувајќи дека Белград треба да направи компромиси и да го признае Косово како независна држава.
Според Шиндлер „Голема Албанија доаѓа во секој случај“ и „подобро е тоа да се постигне под мирни услови.“.
Тој смета дека на Косово треба да му се дозволи да се соедини со Албанија, додека на Србија треба да и припадне регионот на северна Митровица, а на Косово Прешевската долина. Колумнистот наведува дека српските верски локации во Косово треба да бидат ставени под заштита на ОН и прогласени за екстратериторијални.
Шиндлер вели дека најголема загуба во прекројувањето на мапата на Балканот ќе има Македонија и дека Скопје, во замена за губењето на северозападниот дел од земјата кој е повеќе населен со Албанци, треба пред сите да добие покана за членство во ЕУ и несебична помош од Западот.
Колумнистот на „Обзервер“ оценува дека Путин на Балканот моментално се обидува да предизвика проблеми, но дека од Москва може да се очекува соработка во размена на териториите на Балканот доколку Кремљ биде третиран како рамноправен партнер.
-Дури кога Западот ќе прифати дека народите во југоисточна Европа може да постигнат мир, тогаш кога ќе живеат во кохерентни нации – држави како Германија, Полска, Данска, тогаш може да очекуваме дека Балканот ќе се смири и дека ќе почне да ги решава сериозните проблеми како сиромаштија, криминал и корупција кои се провлекуваат уште од Југославија и нејзиниот насилен распад, заклучува Шиндлер.Колумнистот на њујоршкиот „Обзервер“ пишува дека НАТО мора да и помогне на југоисточна Европа од агресивни потези, како на пример обидо

Пронајдете не на следниве мрежи: