Кетрин Деприл (27) од Пенсилванија стави своја фотографија со порака дека ја бара биолошката мајка на Фејсбук. Преку 30.000 луѓе фотографијата ја ставија на својот профил и на крај пораката ја виде и мајка и. Имено, мајката на Кетрин уште кога таа била новороденче ја оставила во јавен тоалет.Кетрин изјави дека била пресреќна кога ја запознала нејзината биолошка мајка ден претходно во канцеларијата на нејзиниот адвокат. Откако ја слушнала тажната приказна за нејзиното зачнување и зошто ја оставила, рече дека ја сфаќа зошто постапила така.
– Подобра е од она што го замислував. Толку е мила и прекрасна. Пресреќна сум – изјави Деприл која стана позната како „бебето од „Бургер кинг““.
Мајка и самата решила пред шест месеци да почне потрага по ќерката што ја оставила.
Деприл почнала да ја бара мајка си на 2 март објавувајќи своја фотографија на Фејсбук на која држи транспарент на кој пишува:
„Ја барам мојата биолошка мајка… ме оставила во тоалетот на „Бургер кинг“ неколку часа откако сум се родила во Алентаун, Пенсилванија. Ве молам помогнете ми да ја најдам така што ќе го споделите ова.”
Фотографијата беше споделена повеќе од 30.000 пати од корисниците на Фејсбук ширум светот и приказната на Деприл се најде во повеќе медиуми.
За тоа дознала и жената што ја оставила и го контактирала адвокатот Џон Валдрон кој ја организирал средбата.
Кетрин по средбата рекла дека многу наликува на мајка си и ја опишува првата средба со мајка си.
– Ја добив прегратката што ја посакував 27 години и тоа го скрши мразот. Ја прашав дали може да ја прегрнам и таа рече „секако“ и само ги рашири рацете и останатото е историја – рече таа.
Нејзината мајка раскажала дека на 16 години ја силувал непознат човек додека била на патување со семејството и тогаш останала бремена. Бременоста ја криела од родителите бидејќи и било срам, а се породила дома. Откако сама се породила во нејзината соба решила дека не може да го однесе бебето во болница бидејќи ќе мора да одговара на незгодни прашања.
Деприл, која ја почнала потрагата со одобрување и охрабрување од родителите кои ја посвоиле, дошла на средбата со посвоената мајка и нејзиниот најмал син, седумгодишниот Џексон.Кетрин изјави дека била пресреќна кога ја запознала нејзината биолошка мајка ден претходно во канцеларијата на нејзиниот адвокат. Откако ја слушнал