Преку мерката за заштита на жените во репродуктивниот период, во Русиново извршени бесплатни гинеколошки прегледи

Министерството за здравство во соработка со ЈЗУ Општа болница Кочани, Невладината организација Хера и Општина Берово во петокот на 04 Декември 2015 година во с.Русиново ја спроведоа активноста за бесплатни прегледи и совети во Мобилна гинеколошка ординација.Мобилната ординација беше поставена во близина на ООУ “Никола Петров Русински“ и е дел од мерките за заштита на здравјето на жените во репродуктивен период во рурални средини.
Приоритет за преглед имаа жени  на возраст од 16-49 години кои се невработени и приматели на социјална помош, додека оваа мерка во Русиново ја искористија околу 40тина жени.
Возилото е комлетно опремено со гинеколошки стол, Ехо апарат, клима уред, агрегат за електрично напојување и неговата првенствена улога не е да биде поставено во централни градски подрачја туку во тешко достапни рурални места.
Преку овој проект на Владата на РМ во мобилната гинеколошка ординација се извршуваат повеќе активности меѓу кои советување за безбедна бременост, советување за избор на матичен гинеколог, советување за заштита од СПИ, советување за планирање на семејство, преглед  со Ехо како и ПАП тест.Мобилната ординација беше поставена во близина на ООУ “Никола Петров Русински“ и е дел од мерките за заштита на здравјето на жените во

Пронајдете не на следниве мрежи: