Преку реализација на проекти до подобар живот за граѓаните на Преспа

Во Прилог Интегрален текст од Пресот на Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски:Во моментов, пред истекот на тековнава 2016 година, како впрочем и во текот на изминативе три и половина години, Ресен и Преспа наликуваат на вистинско градилиште. Во рамките на интензивниот четиригодишен инвестициски циклус, во кој досега во општината се реализирани над 170 проекти, во тековниов период се довршуваат или се во тек на реализација поголем број проекти, од кои неколку имаат навистина карактер на капитални инвестициски зафати.
1.Еден од најзначајните проектни зафати во моментов, секако, е проектот за целосна реконструкција на Градскиот Водовод со замена на постојните азбестни со нови PVC профилни цевки. Проектот е вреден над 800 000 евра, а середствата се обезбедени од ЕИБ преку Владата на Република македонија и од донации од Швајцарската развојна агенција и УНДП. Во моментов се работи на довршување на првата фаза од примарниот цевководен систем, а паралелно се одвиваат и градежно-изведбените работи на секондарните водоводни приклучоци.По завршување на овој дел од работите, ќе се премине кон реализација на втората фаза , со која ќе бидат опфатени уште неколку улични системи во градот, со што ќе се изврши целосна реконструкција на 13-на километри од водоводниот систем во Ресен.Ова е практично најсериозниот и најкапиталниот инвестициски зафат во Ресен во последните 5-6 децении, што воедно ја отсликува и нашата максимална посветеност и сериозниот пристап кон подигањето на квалитетот на животот на нашите сограѓани. Со конечната реализација на овој проект, граѓаните на Ресен, не само што ќе добијат здрава и квалитетна вода за пиење, туку ќе се надмине и деценискиот проблем со огромните загубио на вода , како и проблемот со честите дефекти на водоводниот систем во градот.
 
2. Парелелно , интензивно се работи и на целосно осветлување на сообраќајните јазли во Претор, Крани и Царев Двор , со поставување на современи канделабри.Со оа всушност се заокружува еден многу значаен инвестициски циклус во делот на осветлувањето , преку осветлување на практично сите собраќајни јазли во Преспа.Во овој контекст, би потсетил дека во текот на годинава беше реализиран и проектот за Целосна Реконструкција, Модернизација и Надградба на системот за улично осветлување во нашата општина ,како еден од исто така најрепрезентативните инвестициски зафати во областа на јавното осветлување, ставајќи ја Преспа во редот на најдобро и најквалитетно осветлените општини во Македонија.При реализација на проектот, во делот на уличното осветлување беа поставени најсовремени лед-светилки , кои со своите енергетски ефикасни карактеристики придонесуваат не само за квалитетно осветлување , туку и за сериозни енергетски заштеди.
 
3. Во делот на подобрувањето на патната и комуналната инфраструктура во тековниот период во Преспа, силно сме посветени на нашите заложби за изградба и реконструкција на сите локални патишта и улици во општината , дури и во најмалите населени места. За таа цел оваа година се изградија или реконструираа локални патишта во Лева Река , Љубојно , Брајчино , Грнчари, Крани , Сопотско , Долно Дупени , како и поголем број улици во Ресен . Напоредно со нашите ангажмани и заложби на локално ниво во подобрувањето на патната инфраструктура, неодминливо е да се потенцира и поддршката која општина Ресен ја добива и на централно ниво на овој план . Сведоци сме на интензивирање на градежните работи за реконструкција на магистралниот патен правец Битола- Ресен – Буково, од кој делницата Ресен – Буково е веќе целосно завршена , а во моментов се работи на реконструирање на делницата Ѓавато- Макази. Работејќи на заштита на животната средина , покрај големиот проект за заштита на Преспанското езеро кој општината го спроведува во соработка со УНДП , самостојно, дополнително инвестираме во системи за регулирање на отпадните води преку изградба на канализациони мрежи во пренските населби . така во мометов во тек е довршувањето на системот за изнесување на фекалните отпадни води во село Дрмени .Преку мали инфраструктурни проекти , низ повеќе населби во ресен подобрено е третирањето на отпадните води , а во завршна фаза сме и со изготвување на техничка документација за отпочнување на изградба на канализациона мрежа во с. Стење и уште неколку рурални населби во Преспа. Преку рационално искористување на природните ресурси, инвестираме и во подобрување на водоснабдителните системи во градот и селските населби . Во текот на годинава вакви зафати беа преземени во населбите Славејко Арсов , Преспанска и Јанковец и с. Долно Дупени , а во моментов интензивно се работи и на довршување на градежно-изведбените работи за целсна реконструкција на водоводот во с. Сливница.
 
4. Дека туризмот како стопанска гранка е на врвот на нашите приоритетни заложби потврда се секако силните инвестициски вложувања во овој правец . Во моментов , интензивно се работи на изградба на пешаќко-велосипшедската патека покрај Брегот на Преспанското езеро која ќе ги поврзува туристичките населби Крани-Сливница – Претор, како дел од трите вакви туристичко-рекреативни објекти околу езерото. Во делот на изградбата на интегрирана туристичка инфраструктура, веќе функционират двете модерни плажи на Преспанското езеро во т.н. Стење и Сливница , од кои втората од страна на Министерството за Економија беше прогласена за најдобро уредена плажа во Република Македонија. Модернизацијата на туристичката инфраструктура со изградбата на новите плажи, придонесе за драстично зголемување на бројот на посетители во Преспа изразен преку силниот туристички бум ова лето, поттикнувајќи го интересот и на потенцијални инвестиори во изградба на нови или реконструкција на постојните сместувачки капацитети. Покрај инвестициите на Брегот на Преспанското езеро , оваа година се бележат и инвестиции за збогатување на туристичката понуда во делот на излетничко-рекреативниот и културно-историскиот туризам . Спортско-излетничко- рекреативниот комплекс Починалиште во Ресен е вистинско освежување во таа насока , а во делот на подобрување на туристичките капацитети преку ставање во функција на културно-историското наследство , најзначајно место зазема изградбата на Спомен куќата на Татарчеви во Ресен.
 
5. Константното работење на подобување на економските капацитети на нашите сограѓани , посебно во делот на земјоделието и овоштарството како доминантна стопанска гранка во Преспа, не исправуваат пред тековни предизвици за кои општината посветено и правовремено ги става на располагање своите ресурси. И оваа година преспаннските овоштари се соочија со значителни оштетувања на јаболковиот род, предизвикани од априлскиот мраз. Со цел да им се излезе во пресрет на преспанските овоштари , стручни тимови од Општина Ресен , под раководство на експерти од МЗШВ и Земјоделскиот факултет во Скопје , извршија проценки на настанатите штети и целокупната документација ја процесуираа до надлежните државни институции, од каде , како и во случајот со предминатогодишните штети од градот , се очекува соодветно обештетување за преспанските овоштари. Општината, во делот на давањето поддршка на овоштарите во Преспа, секогаш игра активна улога на олеснувач и линк помеѓу реалните потреби на овоштарите и надлежните државни институции. Промовирајќи ги актуелните владини мерки во земјоделието, таа силно учествува во анимирање на интересот на преспанскиот земјоделец во искористувањето на финасиските средства од Ипард и однационалните програми , со што Преспа несомнено стана лидер во искористувањето на средствата во државни рамки. Дотолку повеќе, што и преку проектот за заштита на Преспанското езеро и самата Општина во соработка со УНДП во изминатиов период грантираше 70-тина фармери, со цел да се воспостави одржливо и агро-еколошки базирано воштарство како темел за развојот на општината во целина. Интенциите за целосна посветеност кон граѓаните на Ресен и Преспа, одговорноста и ангажираноста кон реализацијата на проектите и делата во функција на квалитативното подобрување на севкупните услови за живеење на нашите сограѓани, и натаму ќе остане лајт-мотив на Општина Ресен и континуитет во нашето работење.
Во моментов, пред истекот на тековнава 2016 година, како впрочем и во текот на изминативе три и половина години, Ресен и Преспа наликуваат на висти

Пронајдете не на следниве мрежи: