Театарот на Навигаторот Цветко на 2-ри март 2015 година, во Музејот на холокауст на Евреите од Македонија премиерно ќе ја прикаже претставата СОЛУН – ГРАД НА ДУХОВИ. Претставата е во режија на Слободан Унковски, а текстот е од Русомир Богдановски, инспирирано од истоимената книга на Марк Мазовер.Драмската екипа е составена од Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников, Владимир Петровиќ, а музиката е авторско дело на Златко Ориѓански.
Претставата е направена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и на Музејот на холокаустот на евреите од Македонија.
Хрониката СОЛУН ГРАД НА ДУХОВИ, христијани, муслимани и евреи 1430 –1950 од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија. Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430 година, па сѐ до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски евреи во логорот Аушвиц. Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.
Златко Ориѓански напиша повеќе оригинални песни и друга музика за оваа претстава, во духот на балканската музичка традиција.
Солун – град на духови е првиот дел од трилогијата која ќе ги опфати и Лерин – полиња жито, ридишта крв во 2015 година и Скопје – Скопје во 2016 година.
Претставата се игра во Музејот на холокауст на Евреите од Македонија, со почеток во 20 часот.
Претпремиерата е закажана на 1ви март, а реприза сабота 7-ми март. Билетите се достапни на влезот на Музејот на холокауст на Евреите од Македонија.Драмската екипа е составена од Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников, Владимир Петрови