Премиерот најави изградба на 4 нови капитални објекти од областа на културата

Премиерот Никола Груевски денеска одговарајќи на новинарско прашање најави изградба на 4 нови капитални објекти во областа на културата.Готов е проектот за Драмски театар во Скопје, во текот на јануари ќе се објави тендер за изведувач за градба. Во јануари веројатно ќе се објави и оглас за изнаоѓање на јавно приватно партнерство за Театарот комедија, доколку тоа не успее тогаш ќе се оди со градба од страна на државата. Објектот кој што треба да дојде на местото на Универзална сала и ќе биде Конгресен центар, проектот е готов и во текот на јануари ќе биде објавен јавен повик за изведувач и четврто се заврши и проектот за театар во Скупи кој што исто така во јануари или февруари треба да биде објавен за изведба, истакна Груевски.
Посочи дека станува збор за четири капитални објекти кои треба да бидат градени во текот на следната година.
– Од јануари ќе почне да се бара тендер за изведувачи, а некаде на пролет ќе почнат и градбите на овие објекти или најдоцна на почетокот на летото. Покрај ова во моментов интензивно тече и градбата на Струмичкиот театар, кој што е всушност реконструкција и реновирање, но всушност е толку голем што е како градба на нов театар во Струмица, рече премиерот.
Груевски најави дека на почетокот на следниот месец се очекува да се објави и јавниот повик за идејно решение за изградба на театар во Охрид.
-Во текот на 2016 година ќе тече конкурсот за идејно решение, понатаму ќе има конкурс за проект и некаде крајот на 2016 ќе се направи тендер за изградба, за во 2017 да имаме театар во Охрид кој покрај тоа што ќе биде театар ќе биде и место за ликовни изложби, ќе биде повеќе наменски проект, истакна премиерот.Готов е проектот за Драмски театар во Скопје, во текот на јануари ќе се објави тендер за изведувач за градба. Во јануари веројатно ќе се објави и о

Пронајдете не на следниве мрежи: