Поради одржувањето на традиционалната Атлетска улична трка во централното градско подрачје на 13 Ноември 2016 година (недела), во период од 16.00 до 17.30 часот затворена за сообраќај ќе биде делницата на улица „Филип II Македонски“, почнувајќи од крстосница со улица „Мирче Ацев“ до улица „11 Октомври“, улица 11„Октомври“ од крстосница со улица „Филип II Македонски“, преку улица „Димитрие Чуповски“ до крстосница со улица „Даме Груев“.Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 50, 57, 59 од булeварот „Крсте Мисирков (Битпазар)“ ќе се движат право по булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), улица „Св. Кирил и Методиј“ (поранешна Мито ХаџиВасилев Јасмин – Рамстор) и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по улицата „Даме Груев“ (позади Собрание на Р.М.), улица „11-ти Октомври“, булевар „Кочо Рацин“ и продолжуваат по своите траси.
Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 3, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 24, 25 и 28 ќе се движат по булеварот „Кочо Рацин“, улица „Св. Кирил и Методиј“ (поранешна Мито ХаџиВасилев Јасмин – Рамстор) и продолжуваат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по улицата „Даме Груев“ (позади Собрание на Р.М.) и продолжуваат по своите траси.
Автобусот на линија број 16 од булеварот „Крсте Мисирков (Битпазар)“ ќе се движи по булеварот „Кочо Рацин“ (Југодрво) и ќе продолжи по своја траса и тоа во двете насоки.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.Автобусите кои ги опслужуваат линиите со број 50, 57, 59 од булeварот „Крсте Мисирков (Битпазар)“ ќе се движат право по булевар „