Културата и културното наследство се основен белег на секој народ, дел од историјата на секој народ. Културата и македонското културно наследство не оддржувале како народ низ вековите и искушенијата низ кои врвел македонскиот народ.За ВМРО-ДПМНЕ културата, историјата на нашата татковина, македонското културно наследство во сите години на назад се врвен приоритет. Проектите кои беа дел од сите наш предизборни програми и кои ги реализиравме од областа на културата јасно го исцртуваат нашето минато, оставија белег во сегашноста но и обезбедија проедолжение на нашата мисла, на нашата култура и традиција, далеку во иднината.
Токму за таа цел ВМРО-ДПМНЕ обезбеди поддршка за над 1.700 уметнички и административно-технички кадар кои добија трајно вработување ширум Македонија, а во насока на вреднување на уметничкиот труд платите на уметниците се зголемија за над 60%.
Изградба на музеи, спомен куќи, театри и филхармонии, како и голем број проекти како што се „135 тома македонска книжевност“, „Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература“ и многу други преку кои се промовираше македонскиот јазик како еден од живите светски јазици.
Прилеп е град со голем број културно – историски споменици, со исклучително голем културно наследство. Токму заради тоа инвестициите во културата во Прилеп ни беа и ни се од исклучително значење. Дел од реализираните проекти се следните:
Целосна реконструкција на Участакот или Меморијалниот музеј „11 Октомври кој е симбол на историскиот континуитет на македонското националноослободително движење и борбата за сопствената држава.
Конзервација и реставрација на Саат-кулата во Прилеп, редок архитектонски примерок и симбол на нашиот град, како и реконструкција на просторот околу градскиот часовник -проектвреден 15 милиони денари.
После долги години започна да функционира новото кино „Мис Стон“. Проект реализиран сосредства од буџетот на Локалната самоуправа и Министерство за култура во висина од 11милиони денари.
Оформена е нова археолошка поставка во рамките на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп која опфаќа околу илјада артефакти од археолошките локалитети во Прилеп и Прилепско: Стибера, Врбјанска Чука, Трештена Стена, Сламите, Горно Село, Трпчева црква и Маркови кули, со што градот Прилеп доби уште една туристичка атракција.
Целосно е реставрирана куќата на Бектешовци во старата прилепска чаршија, проект во вредност од 3 милиони денари.
Во 2015 година целосно се реконструираше големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, се изврши промена на подот, претапацирање на повеќе од шестотини седишта, нова сцена и нов систем на затоплување.
Во 2010 година Градската библиотека „Борка Талески“ го промени инвенарот во библиотеката со нови витрини, полици и бироа во висина од 220.000 денари, а во 2013 година беше реновирана големата читална во библиотеката, инвестиција вредна 700.000 денари.
Во 2012 година беше отворена подрачната библиотека во Тополчани, инвестиција од 200.000 денари.
Во тек е непосредна заштита на административната зграда на Заводот и музеј – Прилеп чија цел е заштита на овој споменик на културата кој истовремено е и административен простор.
Предвидено е реализацијата да заврши во 2016 година.
Изградени спомен обележја на Методија Андонов – Ченто, Прилепските бранители и Карпалак, спомен обележје на Кузман Јосифоски – Питу, Ѓорче Петров, Блаже Конески и Круме Кепески, на Итар Пејо и Крал Марко.
Реконструкција на источниот конак на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ – Варош кој е вреден примерок на високите естетски квалитети на традиционалната македонска архитектура. Средствата се обезбедени од Министерството за култура во висина од 3.000.000.оо ден.
Археолошки истражувања и реконструкција на манастирскиот комплекс „Свето Преображение“, с. Зрзе. Како и пат кој води до манастирот и е во должина од 8 км,инвестиција вредна 80 милиони денари.
Непосредна заштита – тековно одржување на покривот од црквата св. Никола во Варош при што направена е целосна замена на подпокривната подлога. Средствата се обезбедени од Министерството за култура во висина од 120.000.оо ден
Непосредна заштита на покривот од црквата св. Димитрија во Варош, инвестиција во висинаод 120.000.оо ден.
Изработен е основен проект за конзервација на конаците за што е избрана и фирма изведувач,основен проект за конзервација на црквата и трпезаријата, козервација на магерницата воманастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, сите три проекти во висина од210 милиони денари, а до манастирот изградивме пат во должина од 7,5 километри вовредност од 1.8 милиони евра.
Конзервација на фрескоживопиосот во црквата св. Никола, Манастир, Мариово како иконструктивно зајакнување на темелите во вкупна вредност од 10 милиони денари.
Го најавивме минатата година, а сега веќе се изгради локалниот пат с. Лениште – Манастир„Св. Петка“ во вредност од 6,6 милиони денари, каде претходно беше пуштен во употребаводоводот во манастирот.
Да не заборавиме дека по 100 години во Прилеп се изгради црквата „Св. Петка“ во населбата Точила, изграден и осветен е параклисот „Св. Елена и Костадин” во населбата Аличаир, а во тек е изградбата на уште два параклиски, еден во кругот на градската болница и еден вонаселбата Чачорица.
Почитувани сограѓани,
Вложувањето во културата е влог во нашата духовна надградба како и зачувување на сопствениот белег како посебен народ во светската цивилизација. Грижата за Македонската историја како и нашето постоење во иднината направи во областа на културата да бидат вложени големи средства, токму како и во сите останати области. ВМРО-ДПМНЕ за своето работење наметна прицип на отчетност и транспарентност. Токму ваквиот начин на работа покажува дека само вака се сака Прилеп, само вака се сака Македонија!За ВМРО-ДПМНЕ културата, историјата на нашата татковина, македонското културно наследство во сите години на назад се врвен приоритет. Проектите кои