Соопштение од денешната прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Катерина Костоска Петрески, член на Комисија за труд и социјална политика при ОК ВМРО-ДПМНЕ ПрилепЗа разлика од нашите т.к.н. политички опоненти, СДСМ, кои немаат ниту Програма со која ќе се претстават пред Вас граѓаните, а истовремено ниту лице да покажат некој проекти од нивно време, ВМРО-ДПМНЕ денес пред Вас стои со чист образ, домаќински и одговорно за да даде отчет за сработеното пред Вас, граѓаните.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период особено внимание посвети на зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст преку изградба на нови објекти наменети за ЈОУ Детски градинки, или реконструкција и адаптација на постојни објекти, со што значително се зголеми капацитетот, а со тоа и опфатот на деца кој во 2013 година изнесува 31.517 деца на возраст од 0-6 години. Процентот на опфатени деца од 0-6 години изнесуваше 11,6% во 2006 и се зголеми на 22,3% во 2013 година.
Со цел понатамошно унапредување, подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, планирано е и понатаму да се инвестира во изградбата на детски градинки и адаптација и реконструкција на постоечки објекти во детските градинки и тоа во многу општини низ Македонија, вклучително и Прилеп.
За таа цел за периодот од 4 години обезбеден е Буџет од 136.000.000 денари, средства со кои ќе се реализира планираното.
Денес се наоѓаме пред реновираниот објект на градинката во населбата Бончејца. За реализирање на овој проект инвестирани се 7.200.000, 00 денари. А направено е и опремување на реконструираниот дел во износ од 600.000, 00 ден средства од Локалната самоуправа и ЈОУДГ ,,Наша иднина”.
ЈОУДГ ,,Наша иднина” Прилеп од почетокот на учебната 2014/15 година го зголеми својот капацитет со отворање на 5 нови групи. Три од тие групи се во реновираниот дел на објектот во населбата Бончејца, а исто така, во објектите Гоце Делчев и Тризла се отворија уште по една нова група за прием на деца.
Беше предвидено и отворање на детска градинка во с. Тополчани, проект на барање на граѓаните од некои населени места, кој ВМРО-ДПМНЕ го реализира.
Имено во населеното место Тополчани отворена е градинка за која се издвоени 1.200.000, 00 ден од Министерство за труд и социјална политика (реконструкција и опремување на просторот) и дополнителни 100.000,00 денари за реконструкција на санитарниот дел, средства обезбедени од Општина Прилеп.
Дополнително со одлука на Советот на општина Прилеп беше помогнато отворањето на градинка во Кривогаштани, каде за прв пат во оваа општина се овозможи на населението да имаат простории и услови за градинка. За градинката во Кривогаштани вложени се 5.000.000,00 денари (50% МТСП, 50% Општината).
Исто така да напоменеме дека во тек е тендерска постапка за згрижување на три нови групи во објект од РУ „Пере Тошев“, додека градежниот дел е завршен и за него се издвоени 470.764 денари средства од Буџетот на општина Прилеп. Почитувани сограѓани, разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очигледна. Ветивме, исполнивме и дадовме отчет за сработеното. Тоа е она кое СДСМ преку деструкција и разнебитување на Македонија не може да го разберат. Тоа е она поради кое Вие вашата доверба ја давате на ВМРО-ДПМНЕ веќе девет изборни циклуси по ред, а Вашата доверба е нашиот поттик за понатамошна работа.За разлика од нашите т.к.н. политички опоненти, СДСМ, кои немаат ниту Програма со која ќе се претстават пред Вас граѓаните, а истовремено ниту лице