Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Иле Тасески, претседател на Комисија за труд и социјална политика при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.СДСМ конечно го покажа своето вистинско лице. Не дека ниту Вие ниту ние не знаевме за тоа, сепак повторно го гледаме истиот филм во кој што самопрокламираните „државотворци“ тргнаа во конечна битка за уништување на тоа што остана од Македонија. Но, сигурни сме-Вие, почитувани сограѓани никогаш нема да ги поддржите во нивната намера, ниту да го дозволите она што тие го посакуваат.
Ние веруваме во државотворниот капацитет на Македонскиот народ и во исправноста на Вашите одлуки. Народот никогаш не греши.
СДСМ никогаш не научи дека поддршката и довербата на граѓаните се стекнува со напорна, посветена и чесна работа во интерес на граѓаните. Никако поинаку. СДСМ никогаш не научи дека на граѓаните им треба мир, им треба можност да работат и да заработат за пристоен живот. СДСМ никогаш не научи да води политика на создавање вредности. Тие едноставно живеат за деструкција. Тоа е нивна природна средина.
Резултатите на сите досегашни нивни владеења не се ништо друго освен очај, мизерија, неперспективност, армија на невработени, стечајци, сиромаштија. ВМРО ДПМНЕ во 2006 година наследи рекордно ниво на невработеност од 38%. ВМРО ДПМНЕ за главна цел на својата политика ја постави борбата со невработеноста. Кон таа цел беа насочени сите останати политики, мерки и активности. За остварување на таа цел ВМРО ДПМНЕ ги превзеде следните мерки:
-водење на политика на рамен данок и постепено намалување на придонесите за социјално осигурување. На овој начин Македонија остана земја со најниски даноци во Европа со најнизок рамен данок од 10% на данокот на добивка и персоналниот данок. Со тоа, Македонија е рангирана меѓу првите 5 земји во светот и прва во Европа според Doing Business 2016 со најмалото даночно оптоварување.
-водење на политиката на привлекување на странски инвестиции. Ова е една од најуспешните политики на Владата на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи голем број реномирани мултинационални компании отворија производствени капацитети во кои само во моментов се вработени 15.750 лица, а со најновите најавени инвестиции во следниот период оваа бројка ќе се зголеми на над 34.000 директни вработувања
-воведе активни политики за вработување преку АВРМ. Во нив беа вклучени мерки како: самовработување со кредитирање, кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места, самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години, поддршка за самовработување, односно „Од идеја до бизнис“ и формализација на постојните бизниси со неповратни средства, поддршка за прво вработување (практикантство) за млади невработени лица, субвенционирано вработување како мерка со која ја поттикнавме побарувачката на работната сила и вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот, програмата за субвенционирање на вработување на деца без родители, програмата за субвенционирање на вработување на инвалидни лица.
-Владата на ВМРО ДПМНЕ започна со реализација на проектот „МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА – се бориме за секое работно место“, кој опфаќа пакет мерки за вработување чија примарна цел е борба за секое работно место.
-воведување на концептот на минимална плата со која што се загарантира минимална заработувачка на работниците под која што работодавачот нема да смее да исплатува.
– зголемувањето на платите во јавниот сектор за 25% во периодот пред кризата, и дополнително зголемување во износ од 4%, во 2014 година.
Сето ова, сите овие мерки придонесоа стапката на невработеност да се намали од рекордни 38% во 2006 година, на рекордни 24,6% денес, 2016 година. Од друга страна, бројот на вработени достигна 715.758 лица, при што во периодот 2006-2015 година креирани се нови 149.465 нови работни места. Исто така, просечната нето-плата изнесува 22.715 денари и е зголемена за 67% во споредба со септември 2006 година кога изнесуваше 13.603 денари.
Сето ова докажува дека во претходниот период 2006-2016 година, ВМРО ДПМНЕ посветено работеше во целост да ја реализира својата приоритетна цел. И тоа е постигнато. Невработеноста во Република Македонија од рекорно највисоко е сведено на рекордно најниско ниво. Но, најбитно во ова е фактот што тенденциите за натамошен пад на невработеноста постојат, односно таа и понатамо ќе се намалува во наредниот период.
Ова е цврст и несоборлив доказ дека ВМРО ДПМНЕ посветено работеше, но и понатаму ќе продолжи посветено да работи за реализација на интересите на граѓаните од каде што ја црпи својата доверба. СДСМ конечно го покажа своето вистинско лице. Не дека ниту Вие ниту ние не знаевме за тоа, сепак повторно го гледаме истиот филм во кој што самопро