Пресовите на г-динот Велески воопшто не нé зачудуваат

Пресовите на г-динот Велески воопшто не нé зачудуваат имајќи во предвид дека неговите сопартијци јавно му наложија и му се заканија дека е потребно да почне да критикува без разлика дали има аргументи. Г-дине Велески членовите на вашата партија СДСМ прашуваат кој Ви го пишуваше текстот што го читате, „другарите со една квака“ или тие без квака? Дали пресот Ви го пишуваа тие кои ги нарекувате „минорна група на ваши партиски членови кои направија штета од невидени размери“?Зарем мислите дека вашите сопартијци и прилепчани заборавија дека и Вие бевте дел од тимот и луѓето кои ја уништија болницата и здравството? Вие бевте дел од тимот кој што наместо да инвестира во специјалисти и доктори, во апарати и реконструкции, вашите министри купуваа бисери, а денес се избегани со милионите на граѓаните во други држави.
Вие сте истите г-дине Велески, а граѓаните многу добро ве препознаваат и знаат да направат разлика.
Вие г-дине Велески и тогаш и денес сте во врвот на вашата партија, вие сте дел од, како што вие велите за своите сопартијци, „поранешните моќници и играчи со туѓи човечки судбини“, дел сте од луѓето кои „добро профитираа на сметка на партијата“. Г-дине Велески, вие самите ова го изјавувате за луѓето со кои заедно ја водевте партијата и власта, истите луѓе кои ве поставија за директор на претпријатие кое никогаш не профункционира. Мислите ли дека граѓаните заборавија?
Г-дине Велески дајте си оставка и ослободете им го местото на млади и прогресивни кадри во вашата партија кои јавно ви се спротивставуваат вас и на политиките на Шеќеринска и Заев со кои ја продаваат Македонија и со кои ја уништуваат СДСМ. Вие и самиот не верувате во тоа што го прочитавте, а доколку „другарите со една квака“ успеале да ве убедат тогаш ајде на избори на 24-ти април, па народот да одлучи дали вашите манипулации и погубни политики се вистина или вистина се сите реализирани проекти на ВМРО-ДПМНЕ.Зарем мислите дека вашите сопартијци и прилепчани заборавија дека и Вие бевте дел од тимот и луѓето кои ја уништија болницата и здравството? В

Пронајдете не на следниве мрежи: