„Преспа бизнис-форум 2016“ во Отешево

Во организација на општина Ресен со поддршка од Постојаната работна група за рурален развој во земјите на Западен Балкан – SWG преку програмата „Луѓе за Луѓе“ денеска и утре во Отешево ќе се одржи „Преспа бизнис форум 2016. 
На настанот ќе присуствуваат градоначалниците на Ресен, Корча и Пустец, Ѓоко Стрезовски, Сотираќ Фило и Едмонд Темелко, амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија Стојан Карајанов, како и преставници од бизнис секторите од трите општиниБизнис форумот е продолжување на активностите почнати со потпишувањето на меморандумот за економска соработка меѓу општините Ресен, Корча и Пустец минатата година, а присутните ќе разговараат за можностите и начините за соработка меѓу бизнис заедниците во прекуграничниот регион Преспа.Посебено внимание се очекува да привлече можноста за соработка и воспоставување одржливи иницијативи за заеднички економски прогрес во земјоделството, туризмот и прехранбената индустрија, економски сфери кои се застапени во трите општини.Делегациите од Албанија ќе посетат и неколку фабрики во Преспа со цел директно се запознаат со можностите на ресенската индустрија.
  
На настанот ќе присуствуваат градоначалниците на Ресен, Корча и Пустец, Ѓоко Стрезовски, Сотираќ Фило и Едмонд Темелко, амбасадорот

Пронајдете не на следниве мрежи: