Преспа годинава ја имаше најдобрата туристичка сезона во последните 15 години, оцени градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.За време на викендите, според него, имало и над 10.000 посетители, односно се барало место повеќе на Преспанските плажи. Градоначалникот забележа дека владините инвестиции за изгрдба на нови плажи на Преспанското Езеро во Стење и Сливница дале резултати.
– Инвестициите од Владата на Република Македонија во изградба на нови плажи на Преспанското Езеро во Стење и Сливница во висина од 77 милиони денари, ги дадоа и првите резултати. Се направија современи песочни плажи со сета пропратна туристичка инфраструктура на нив, но се направија дополнителни вложувања и на постоечките со што се зголеми нивната конкурентност, рече Стрезовски.
Доколку продолжи инвестицискиот тренд на Владата во изградба на плажи на Преспнското крајбрежје, во Претор, Крани, Отешево…, градоначалникот очекува дека Преспа ќе стане место атратиквно не само за алтернативни форми на туризам, туку ќе се практикува и масовен туризам.
– Паралелно ние ги збогатуваме и културно – забавните содржини за време на летната сезона, со дел од нив и ја продолжуваме туристичката сезона, со цел да овозможиме услови за поодржлив туристички развој и да им помогнеме на туристичките и угостителските работници да можат да ги ојачаат своите бизнис и да почнат со додатни инвестициите, додаде Стрезовски.
Покрај изградбата на плажи, паралелно се работи и на дополнителни содржини, како што е изградбата на пешачко – велосипедска патека во должина од пет километри. Еден дел од патеката ќе ги поврзува Претор, Сливница и Крани, а другиот дел ќе се изгради во Стење.
– Согласно проектот, патеката ќе биде на располагање за рекреација за пешаците и велосипедистите , но во исто врем ќе има и урбани содржини, клупи и осветлување, така што посетителите ќе можат и да уживаат во околината која ја нуди Преспанското крајбрежје, итакна градоначалникот Стрезовски.За време на викендите, според него, имало и над 10.000 посетители, односно се барало место повеќе на Преспанските плажи. Градоначалникот забележа д