Дарко Барандовски од Ресен го извади светиот крст од водите на Преспанското Езеро, кои денес беа осветени по повод христијанскиот празник Богојавление-Водици.Дарко Барандовски од Ресен го извади светиот крст од водите на Преспанското Езеро, кои денес беа осветени по повод христијанскиот празник Богојавление-Водици. Барандовски, кој прв пат скока по Светиот крст на сите им посака здравје и среќа.– Прв пат скокнав и го фатив. Господ на сите да им дава здравје и на мен. Секаде да е напомош, изјави Барандовски по фаќањето на светиот крст.
Тој беше даруван со телевизот од Општина Ресен и со други подароци од МПЦ и спонзори.
– Во духот на долгогодишната ресенска, преспанска, но и македонска традиција на одбележување на Богојавление – Водици најбрзиот и највештиот Барандовски успеа прв да стигне до светиот крст. Честитки до сите оние што на ова исклучително студено време имаа храброст, но пред се Божја волја да се фрлат во водите на Преспанското Езеро, истакна градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски.
Чинот за осветување на водите го водеа свештеници од Преспанско-пелагониската епархија од ресенското архиерејско намесништво.Дарко Барандовски од Ресен го извади светиот крст од водите на Преспанското Езеро, кои денес беа осветени по повод христијанскиот п